Connect with us

Струмица

Костадинов: 2022 ќе биде година посветена на многу проекти, активности и мерки

Media Press

Published

на

2022 ќе биде година посветена на многу проекти, активности и мерки со цел подобрување на секојдневието на струмичани, објави градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов на својот ФБ профил.

 Според објавата , дотацијата за секое новороденче од досегашните 3.000 денари, ќе биде покачена на 6.000 денари, самохраните родители кои примаат плата помала од просечната, ќе бидат целосно ослободени од плаќање кон детските градинки за нивните дечиња, едноктратна финансиска помош за секое семејство кое ќе запише прваче во училиште.

„Во следниот период ќе ја запознавам јавноста за сите други мерки од кои директен бенефит ќе имаат граѓаните“, напиша Костадинов.

Струмица

Во Струмица годинава сепак ќе има карневал, одлучија градоначалникот Костадинов и Организациониот одбор

Media Press

Published

на

Градоначалникот Костадин Костадинов и Организациониот одбор на карневалот, а почитувајќи ги барањата на граѓаните, одлучија по пауза од две години, оваа година да продолжи вековната карневалска традиција во Струмица.

„Оваа вековна традиција не смее да има сериозни паузи од две или три години затоа што ги демотивира карневалските групи во иднина да учествуваат на карневалот. Но заради пандемијата во којашто се наоѓаме, карневалот ќе биде од локален карактер, а како гости ќе бидат поканети по еден претставник од карневалските групи од странство кои најчесто доаѓаа на струмичкиот карневал и со кои имаме долгогодишна соработка. Барање и на струмичани е да не престане таа традиција да обезбедиме континуитет“ вели градоначалникот Костадин Костадинов.

Карневалот ќе почне на 2 март и ќе заврши на 9 март со тримерските обичаи.

„Апелирам до сите учесници и посетители максимално да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита, но сепак да си ја изнегуваме нашата вековна традиција струмичкиот карневал“ додава градоначалникот Костадинов.

Главната карневалска вечер ќе се одржи на 5 март, а во осумте карневалски денови ќе ги има традиционалните карневалски содржини, концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“, маскенбал, детски карневал, бел грав на градскиот плоштад, доделување на награди на најдобрите карневалски маски, афоризми, карикатури и литературни творби на тема карневал, карневалско село – забава на плоштадот, а ќе биде промовирана и Монографија по повод 30 – годишниот јубилеј.

Прочитај повеќе

Струмица

Започна исплатата на помошта на сопствениците на дуќани и тезги кои беа зафатени во големиот пожар во „Глобал“ на 2 јануари 2021 година

Media Press

Published

на

Вкупно 13 милиони денари парична помош ќе бидат исплатени на сопствениците на дуќани и тезги кои беа зафатени во големиот пожар во „Глобал“ на 2 јануари 2021 година. Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов најави дека од денеска започна исплатата на помошта од Владата на Република Македонија на сопствениците на дуќани и тезги кои беа зафатени во големиот пожар во „Глобал“ од пред една година. Педесет правни и 20 физички лица ќе добијат по 20 проценти или вкупно 13 милиони денари.

„Општина Струмица и финансиски и со други активности во рамките на нејзините надлежности, помагаше во санирањето на последиците и обновувањето на опожарениот дел на Глобал.Се надевам дека овие средства ќе бидат од помош и НИКОГАШ повеќе да не се повтори“, објави градоначалникот Костадинов.

Прочитај повеќе

Струмица

56 -годишно лице физички бил нападнат во неговиот дом и му биле одземени пари

Media Press

Published

на

Вчера во 20.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека М.О.(56) од село Нова маала, струмичко, бил физички нападнат во неговиот дом, при што му биле нанесени повреди и му биле одземени пари.

М.О. бил пренесен во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, а увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе