Конче
Американската амбасадорка во Македонија Кејт Мари Брнс денеска беше во посета на Општина Конче
Објавено на
Од
Media PressАмериканската амбасадорка во Македонија Кејт Мари Брнс денеска беше во посета на Општина Конче. Поводот беше донацијата во опрема за доброволното противпожарно друштво, кое е форимирано од пред две години за заштита од пожари. Амбасадорката оствари средба со градоначалникот Златко Ристов на која изрази задоволство од оваа прва посета на Конче.

„Ви благодарам на можноста да бидам овде, благодарам градоначалник Ристов што ме примивте и што ме пречекавте толку топло во вашата општина. Ова е многу специјална донација за нас. Ја имаме можноста како Амбасада на Америка да учествуваме во многу проекти, но ја имаме можноста да направиме нешто значајно за заедницата и да ставиме насмевка на лицата на граѓаните. Особено за нас што работиме на овие програми секој ден во амбасадата. Многу ми е мило што сум во Конче, ова ми е прва посета. Мојот татко порасна во мало планинско градче во Западен Мериленд каде што неговиот татко, мојот дедо беше командир на полицијата и лидер на волонтерската противпожарна единица. Ние знаеме колку е важен овој тип на служби за животите на оваа заедница. Гледавме ова лето како шумските пожари имаа ефект врз жителите на Конче и сме трогнати од тоа. Се соочуваме со слични шумски пожари секоја година во Соединетите Американски Држави“, рече Брнс меѓудругото.

Градоначалникот Ристов изрази благодарност за донацијата која е од големо значање за противпожарното друштво кое брои 10 члена, заедно со него како командант 11, за тие да бидат подготвени за брзо делување при појава на пожар.

Американската амбасадорка Брнс ја искористи оваа прилика да ги посети културно историските знаменитости во Општина Конче како што е манастирот Свети Стефан во Конче. Таа вети дека повторно ќе дојде за празникот на општината 12 Јули, Петровден за да ги види убавините на Конче во лето.


Поврзани содржини
Конче
Ловџија од Габревци, додека бил на лов на диви свињи, бил повреден со сачма од ловна пушка
Published
1 недела agoна
ноември 9, 2026By
Media Press
На 07.11.2026 година во 13:48 часот во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека кај нив за укажување на лекарска помош било донесено лицето С.М. од село Габревци, општина Конче, кој додека бил на лов во атар на село Габревци бил повреден со сачма од ловна пушка.
На 07.11.2026 година С.М., заедно со Р.Р., И.Р., З.Р., М.Р., С.С. и С.Р., сите од село Гавревци биле во лов на диви свињи, на место викано „Трска“ атар на с. Габревци, при што И.Р. со еден патрон испукал кон дива свиња, а од истрелот една сачма го погодила С.М. во пределот на стапалото. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од страна на увидна екипа од ОВР Радовиш бил извршен увид на местото. Од И.Р.(43) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Baikal M-155“ калибар 12 мм, ловна пушка „Ata Arms“ калибар 12 мм , дозвола за оружје, дневна дозвола за ловење и 6 патрони калибар 12 мм. Од С.С.(60) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Zastava М-80“ калибар 12мм и дозвола за оружје. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Конче
Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации
Published
1 месец agoна
октомври 15, 2026By
Media Press
Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации, на барање на граѓаните за одбор и рекреација.
„Деновиве започнавме со изградба на летниковци на две локации – едната во м.в. „Дабјата“, во атарот на село Лубница, а другата ќе биде лоцирана на раскрсницата во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“. Со изградбата на овие два летниковци се опфаќаат локации кои најмногу ги користат граѓаните, случајните минувачи и посетителите на Општина Конче“, истакна градоначалникот Златко Ристов.
Ристов вели дека овие летниковци се градат на барање на граѓаните, за да имаат каде да одморат во топлите летни денови. Општина Конче како што вели градоначалникот продолжува со создавање уредени и пријатни места за одмор и престој на своите граѓани и посетители.
Конче
Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција
Published
3 месеци agoна
август 17, 2026By
Media Press
На 15.08.2026 во 20:00 часот во село Горни Липовиќ, општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(50) од село Горни Липовиќ.
Според пријавеното, тој околу 17:20 часот во атар на село Горни Липовиќ држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција, кои преземале службени дејствија. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По целосно документирање на случајот против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!


