Connect with us

Конче

Американската амбасадорка во Македонија Кејт Мари Брнс денеска беше во посета на Општина Конче

Media Press

Published

на

Американската амбасадорка во Македонија  Кејт Мари Брнс денеска беше во посета на Општина Конче. Поводот беше донацијата во опрема за доброволното противпожарно друштво, кое е форимирано  од пред две години за заштита од пожари. Амбасадорката оствари средба со градоначалникот Златко Ристов на која изрази задоволство од оваа прва посета на Конче.

  „Ви благодарам на можноста да бидам овде, благодарам градоначалник Ристов што ме примивте и што ме пречекавте толку топло во вашата општина. Ова е многу специјална донација за нас. Ја имаме можноста како Амбасада на Америка да учествуваме во многу проекти, но ја имаме можноста да направиме нешто значајно за заедницата и да ставиме насмевка на лицата на граѓаните. Особено за нас што работиме на овие програми секој ден во амбасадата. Многу ми е мило што сум во Конче, ова ми е прва посета. Мојот татко порасна во мало планинско градче во Западен Мериленд каде што неговиот татко, мојот дедо беше командир на полицијата и лидер на волонтерската противпожарна единица. Ние знаеме колку е важен овој тип на служби за животите на оваа заедница. Гледавме ова лето како шумските пожари имаа ефект врз жителите на Конче и сме трогнати од тоа. Се соочуваме со слични шумски пожари секоја година во Соединетите Американски Држави“, рече Брнс меѓудругото.

Градоначалникот Ристов изрази благодарност за донацијата која е од големо значање за противпожарното друштво кое брои 10 члена, заедно со него како командант 11, за тие да бидат подготвени за брзо делување при појава на пожар.

Американската амбасадорка Брнс ја искористи оваа прилика да ги посети културно историските знаменитости во Општина Конче како што е манастирот Свети Стефан во Конче. Таа вети дека повторно ќе дојде за празникот на општината 12 Јули, Петровден за да ги види убавините на Конче во лето.

прикажи повеќе
Advertisement

Конче

Делегација од Општина Бојуккариштиран од Турција во посета на Општина Конче

Media Press

Published

на

Делегација од збратимена Општина  Бојуккариштиран од Турција денеска беше во посета на Општина Конче. Градоначалникот на општината Златко Ристов им посака срдечно добредојде на градоначалникот од турската општина и на неговите соработници.

Градоначалникот Ристов се надева дека од оваа средба ќе произлезе и нова соработка за во иднина за што се разговараше и во неговиот кабинет. Двајцата градоначалниц разменија милења а си разменија и пригодни подароци. 

Потоа делегацијата изврши увид на културни знаменитости во Општина Конче, на новоизградениот паркинг простор  пред манастирот Свети Стефан, за кој тие донираа финасиски средства,  како и манастирот Свети Стефан и на џамијата во Конче.

Прочитај повеќе

Конче

Во близина на Конче пронајдена рачна бомба од Првата светска војна

Media Press

Published

на

На 02.01.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Радовиш, М.С.(46) од с.Конче пријавил дека во близина на селото пронашле рачна бомба. На 03.01.2022 бомбата била подигната од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување Штип, при што било утврдено дека станува збор за неексплодирана рачна бомба која потекнува од Првата светска војна.

Прочитај повеќе

Конче

Заклучок од ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР, БРАНА МАНТОВО од Државниот инспекторат за животна средина

Media Press

Published

на

Во контекст на вчерашните нстани, со цел коректно, транспаренто и целосно запознавање на јавноста со деталите, од извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина објавен е заклучокот.

„На ден 28 Декември извршен е вонреден инспекциски надзор од страна на Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Вардарски и Југоисточен регион, Канцеларии Струмица и Гевгелија во присуство на управителот и инженер по екологија во правниот субјект БОРОВ ДОЛ ДООЕЛ Радовиш.

За време на вонредниот инспекциски надзор на Брана Мантово под круната на браната утврдено е: зелено обојување на површината од водата со видливи зелени честици, и слабо сина боја во водата и по камењата (во непосредна близина до брегот), на средината под круната на браната има зелена боја на површината од водата со видливи зелени честици, и светло сино обојување на места во водата, а во горниот дел под круната на браната има насобрано отпад од пластични шишиња најлонски ќеси како и остатоци од листови и гранчиња, а водата е запенета и на повеќе места има потемно сино обојување во водата, по камењата и врз пластичните шишиња. Во Брана Мантово појавата на зелена боја на површината од водата со видливи зелени честици и синото обојување на некои места не е утврдено од што е настанато, а не се знае и со каков квалитет е водата во Брана Мантово. Инспекцискиот надзор е извршен долж целиот брег на Брана Мантово во длабочината на водата и се гледа зелена боја, на брегот на брана Мантово од страната на населбата водата е: светло зелена боја, на некои места е светло сина боја, а на површината од водата нема зелени честици. Од страна на БОРОВ ДОЛ ДООЕЛ Радовиш на 28.12.2021 година повикани се лица од Универзитетот Гоце Делчев – Штип Земјоделски факултет УНИЛАБ и земени се мостри од водата од брана Мантово, на 29.12.2021 година ќе се извршат останати мерења на квалитетот на водата од Технолаб ДОО Скопје. При надзорот на лице место направени се фотографски снимки (подолу).

За време на инспекцискиот надзор нема истек на води од БОРОВ ДОЛ ДООЕЛ Радовиш во Брана Мантово и не е приметена видлива прашина во воздухот.Извештаите од двете мерења ќе бидат доставени до ДИЖС“, стои во заклучокот.

Како што соопштуваат од рудникот Боров Дол, денес повторно ќе се излезе на терен, а како што и вчера е изјавено, веднаш по добивањето на резултатите ќе се објават јавно. Испитувањата се вршат од страна на независни акредитирани лаборатории.

Прочитај повеќе