Радовиш
Ќе се подобрува бизнис климата во Општина Радовиш, градоначалникот Ристов започна со средби со стопанственици
Објавено на
Од
Media Press
Со цел подобрување на бизнис климата и можностите за инвестирање во општина Радовиш, градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов започна со неколку иницијативи и конкретни активности, со цел подобрување на бизнис климата и можностите за инвестирање во општината.

За таа цела во салата на Советот на општина Радовиш, градоначалникот одржа средба со дел од стопанствениците од општината, поточно со компании од областа на транспортот и шпедитерското работење.

На средбата, како што вели градоначалникот Ристов, било дискутирано за новиот Предлог-Генерален урбанистички план, можностите и капацитетите за инвестирање во Општина Радовиш како и можностите и потребите за воведување на дуално образование во средното општинско училиште „Коста Сусинов“ во Радовиш согласно потребите на бизнис заедницата.
Поврзани содржини

Општина Василево започна со креирање на Буџетот за 2027 година, преку средби со граѓани

Завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници во Општина Струмица

Регионална пензионерска средба на езерото Мантово во кругот на манастирот „Свети Ѓорги“, Долна Враштица

Градоначалникот Ристов оствари средба со стопанственици кои се лоцирани во склоп на Градскиот пазар во Радовиш

Средби во Владата на родителите кои се за онлајн настава и кои се за физичко присуство

Се одржаа 46 „Караманови поетски средби“ во Радовиш, посветени на младиот поет и револуционер Ацо Караманов
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

