Македонија

Бугарија уште еднаш и стави вето на Македонија

Во пресрет на Советот на ЕУ во Брисел што треба да се одржи денеска и утре, бугарски официјални лица уште еднаш ја потврдија позицијата кон Македонија со што останува ветото на процесот на пристапување на земјава во ЕУ.

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера изјави дека европските лидери „конечно разбрале каде е вистинскиот проблем со Северна Македонија“ и оти сите обиди да се изврши притисок врз Софија се контрапродуктивни. Тој уште еднаш потенцира дека нама датум а Македонија додека не се сполнат барањата на Бугираја.

„На сите европски совети – од мај, разговарав со секој европски лидер на тема РС Македонија. Сакам да им се заблагодарам, бидејќи по втор пат темата е надвор од дневен ред. Нашите партнери конечно разбраа каде е вистинскиот проблем. Проблемот длабоко влијае на основата на самата ЕУ – човековите права и недискриминацијата“, изјави Радев кој во Брисел ќе учествува на самитот на лидерите од ЕУ.

Инаку и пратеникот Кастриот Реџепи, пред само неколку дена кога исчезна од својот дом пред гласањето недоверба на Владата, рече дека некој му кажал дека Македонија на 14 декември ќе добие датум за преговори. И затоа тој  како што рече, нема да гласа за недоверба на Владата со цел да го поддржи процесот кон ЕУ.

Земјите-членки на ЕУ на завчерашното заседание на Советот за општи работи (ГАК) не постигнаа договор за одржување на првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија до крајот на оваа година и покрај јавно изнесените надежи на словенечкото претседателство за старт на преговорите со двете земји годинава.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

ЈП „Паркиралишта Струмица“ започнува со активности за обновување и одржување на семафорската сигнализација

ЈП „Паркиралишта Струмица“ започнува со активности за тековно одржување, санација и подобрување на функционалноста на…

4 часа ago

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

1 ден ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

1 ден ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

1 ден ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

4 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

4 дена ago