Connect with us

Струмица

Струмичките актери после десет месеци пауза повторно се враќаат на сцена, со претставата „Бракот на Марија Браун“

Media Press

Published

на

По десет месеци откако ја прекинаа работата во знак на протест, незадоволни од изборот на новиот директор на институцијата, драмскиот ансамбл на центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица најави премиера на нова претстава. Струмичките актери повторно се вратија на сцена со „Бракот на Марија Браун“.

Претставата која премиерно ќе се одржи вечер (9 декември) и која беше целосно распродадена, ќе може да се види и утревечер на малата сцена со почеток во 20 часот. Претставата „Бракот на Марија Браун“, работена по истоимениот филм на Рајнер Вернер Фасбиндер, е во режија на Драгана Таневска, сценографијата е на Борис Делчев, гостин од Бугарија, костимографијата е на Ванчо Василев, а музиката на Огнен Давитковски и Бојан Поповски

„Бракот на Марија Браун“ е женска приказна за крајот на Втората светска војна и мирот што следува потоа. Човековата душа не секогаш е во склад со општеството и промените што тоа ги носи. Приказната е заснована на два контрапункта, војната како симбол на уништување и жената како симбол на создавање. Направивме прочит на филмот на култниот германски режисер Рајнер Вернер Фасбиндер, кој многу ретко се поставува на македонската театарска сцена“, вели режисерката Драгана Таневска

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Во Струмица годинава сепак ќе има карневал, одлучија градоначалникот Костадинов и Организациониот одбор

Media Press

Published

на

Градоначалникот Костадин Костадинов и Организациониот одбор на карневалот, а почитувајќи ги барањата на граѓаните, одлучија по пауза од две години, оваа година да продолжи вековната карневалска традиција во Струмица.

„Оваа вековна традиција не смее да има сериозни паузи од две или три години затоа што ги демотивира карневалските групи во иднина да учествуваат на карневалот. Но заради пандемијата во којашто се наоѓаме, карневалот ќе биде од локален карактер, а како гости ќе бидат поканети по еден претставник од карневалските групи од странство кои најчесто доаѓаа на струмичкиот карневал и со кои имаме долгогодишна соработка. Барање и на струмичани е да не престане таа традиција да обезбедиме континуитет“ вели градоначалникот Костадин Костадинов.

Карневалот ќе почне на 2 март и ќе заврши на 9 март со тримерските обичаи.

„Апелирам до сите учесници и посетители максимално да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита, но сепак да си ја изнегуваме нашата вековна традиција струмичкиот карневал“ додава градоначалникот Костадинов.

Главната карневалска вечер ќе се одржи на 5 март, а во осумте карневалски денови ќе ги има традиционалните карневалски содржини, концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“, маскенбал, детски карневал, бел грав на градскиот плоштад, доделување на награди на најдобрите карневалски маски, афоризми, карикатури и литературни творби на тема карневал, карневалско село – забава на плоштадот, а ќе биде промовирана и Монографија по повод 30 – годишниот јубилеј.

Прочитај повеќе

Струмица

Започна исплатата на помошта на сопствениците на дуќани и тезги кои беа зафатени во големиот пожар во „Глобал“ на 2 јануари 2021 година

Media Press

Published

на

Вкупно 13 милиони денари парична помош ќе бидат исплатени на сопствениците на дуќани и тезги кои беа зафатени во големиот пожар во „Глобал“ на 2 јануари 2021 година. Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов најави дека од денеска започна исплатата на помошта од Владата на Република Македонија на сопствениците на дуќани и тезги кои беа зафатени во големиот пожар во „Глобал“ од пред една година. Педесет правни и 20 физички лица ќе добијат по 20 проценти или вкупно 13 милиони денари.

„Општина Струмица и финансиски и со други активности во рамките на нејзините надлежности, помагаше во санирањето на последиците и обновувањето на опожарениот дел на Глобал.Се надевам дека овие средства ќе бидат од помош и НИКОГАШ повеќе да не се повтори“, објави градоначалникот Костадинов.

Прочитај повеќе

Струмица

56 -годишно лице физички бил нападнат во неговиот дом и му биле одземени пари

Media Press

Published

на

Вчера во 20.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека М.О.(56) од село Нова маала, струмичко, бил физички нападнат во неговиот дом, при што му биле нанесени повреди и му биле одземени пари.

М.О. бил пренесен во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, а увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе