Connect with us

Радовиш

Истражување на „Женска акција“: За три години се пријавени околу 390 случаи на семејно насилство во општините Радовиш и Конче

Media Press

Published

на

Во рамките на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ Асоцијацијата за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ од Радовиш, спроведе улична акција во центарот на градот со делење на картички со препораки за помош и поддршка на жртвите и како тие д постапуваат во одредена ситуација.  Иванка Ризовска Соколова како претставник од „Женска акција“ во интервју за Телевизија Кобра рече дека во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни сервиси за рехабилитација и интеграциија на жени жртви на насилство“ спроведено е истражување за последните три години, кое покажува дека во општините Радовиш и Конче бројот на жртви на семејно насилство пораснал, а институциите не се доволно подготвени да им помогнат.

„Иако насилството врз жени и семејно насилство е декларативно признаено како значаен проблем на македонското општество, сепак не се посветува доволно внимание за негово решавање. Обезбедувањето на помош на жртвите на насилство, особено институционално честопати отсуствува, што најчесто е последица на перцепцијата на граѓаните дека семејното насислтво е приватен проблем“, рече Соколова.

За три години се пријавени околу 390 случаи од кои 330 се жени а останатите се мажи. само во 2020 година има околу 150 пријави на семејно насилство кое според Соколова е како резултат на Ковид пандемијата. Соколова вели дека според нивното истражување бројот на жртви на семејно насислтов е многу поголем и околу 80% од жените не го пријавиле насилството во институциите.

Соколова се надева дека заедно со Општина Радовиш ќе успеат да отворат црнтар за психо- социјална поддршка за да им помогнат на жртвите за семејно насилство. Според неа неколку закони треба да претрпат промени за да им се помогне на овие жртви.

Радовиш

Градоначалникот Ристов изврши прием на лицата кои за празникот Богојавление ги фатија светите крстови во населените места

Media Press

Published

на

Градоначалникот на општина Радовиш Aцо Ристов, денеска изврши прием на лицата кои за празникот Богојавление – Водици ги фатија светите крстови во населените места во општина Радовиш.

Посакувајќи им многу здравје, среќа, бериќет и успеси на секое поле, Градоначалникот на лицата им подари паметни часовници.

Наградени беа среќните момчиња:1. Раде Ефтимов (Раклиш) 2. Костадин Цинцовски (Ораовица) 3. Николче Тодоров (Подареш) 4. Стојанче Цветков (Јаргулица) 5. Драган Златков (Покрајчево) 6. Дејвид Ѓоргиев (Злеово) и 7. Илија Василев (Калугерица).

На среќното момче Петре Здравков, кое го фати светиот крст во Радовиш градоначалникот му подар ЛЦД Телевизор од Општина Радовиш, на денот на настанот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Агресивно однесување од страна на Радовишани кон службените лица од Центар за социјални работи и полицијата

Media Press

Published

на

На 12.01.2022 во 10.20 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода М.К.(67) од Радовиш, кој околу 10.00 часот на ул.„Шаин маале“ во Радовиш попречувал службени лица од Центар за социјални работи Радовиш во преземање на службени дејствија и се однесувал агресивно кон нив.
По целосно расчистување на случајот против лицето ќе се изготви соодветен поднесок.

На 12.01.2022 година во 12.40 во Полициската станица Радовиш И.Д. од Радовиш пријавил дека околу 10.10 часот на ул.„Шаин маале“ Г.К. од Радовиш се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

Новогодишниот фестивал Радовиш „Светол Град“ продолжува

Media Press

Published

на

На плоштадот „Свети Спасо Радовишки“ продолжува програмата Радовиш „Светол Град“ во органзизација на ЦК „Ацо Караманов“. Свој настап имаа Распеани Радовишани и неколку Фолклорни ансамбли. ФА Ацо Караманов од Радовиш, ФА Бучим од Радовиш, ФА Подарешани млади од С. Подаеш и ФА Сушевски бисери од с. Сушево.

Новогодишниот фестивал „Светол Град“ во Радовиш е под покровителство на Општина Радовиш.

Прочитај повеќе