Македонија
Македонската алпинистичка федерација ќе организира Комеморација во чест на алпинистот Зоран Мајсторски
Објавено на
Од
Media Press
Македонската алпинистичка федерација ќе организира Комеморација во чест на алпинистот Зоран Мајсторски од Радовиш, алпинист кој трагично го загуби животот извршувајќи ја својата последна работа на чистење на силоси во рудникот Бучим.
„Ве повикуваме на 17.12.21 во 19:00ч. во Домот на АРМ, сала 4 да му оддадеме почит на нашиот другар и алпинист Зоран Мајсторски.
Комеморацијата ќе пренесе дел од алпинистичката дејност на Зоран Мајсторски која остави значителен белег во Македонскиот алпинизам.
Зоран Мајсторски ја почнува својата алпинистичка кариера уште во 1993та, а во последната деценија во повеќе наврати е добитник на највисокото признание – годишната награда за алпинизам „Јован Ангелов Циго“ на Македонската алпинистичка федерација, неговиот клуб АК Плоча е прогласуван за најдобар клуб, членови на младинската школа од клубот во повеќе наврати беа корисници на стипендијата спортска надеж доделувана од страна на Агенцијата за млади и спорт, а исто така тој во повеќе наврати ја добиваше и наградата за најдобра алпинистичка наврска, која е посветна за некое од најдобрите алпинистички искачувања во тековната година. Во 2006 година го формира Алпинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш, во кој
и денес е претседател, инструктор по алпинизам и главен тренер. Клубот лани го доби Шестоноемвриското признание на Радовиш, а лично Зоран тоа признание го има добиено во 2012 година“ се вели во најавата за настанот од Македонската алпинистичка федерација.

Инаку за неколку дена ќе навршат два месеци откако Зоран Мајсторски трагично го загуби својот живот на последната работна задача чистење на силоси во рудникот Бучим во Радовиш, заедно со младиот алпинист Драган Станишков.
И по два месеци сеуште нема официјални информации за причините за несреќата. На официјалната страна на Јавното обвинителство во Радовиш сè уште стои последното соопштение од 13 октомври кога се случи несреќат и во кое на крајот се вели дека „Основното јавно обвинителство Радовиш презема и други дејствија за откривање на причините за несреќата“.
Поврзани содржини

Меморијален Алпинистички собир „Зоран Мајсторски“ и годинава беше одржан на локалитет Плоча на Пилав Тепе во Радовиш

АК Плоча го организира 6-то ноемврискиот алпинистички собир, кој од годинава ќе го носи името Зоран Мајсторски

Радовиш денеска ќе се прости со двајцата млади алпинисти, прогласен и ден на жалост

И денеска се врши увид во рудникот Бучим каде загинаа две лица, со присуство на техничка инспекција со рударски инженери

Реализиран уште еден предизвик за алпинистот Мајсторски, искачување по замрзнати водопади

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

