Connect with us

Струмица

Oткриени и санкционирани лица кои вршат бесправна сеча и превоз на огревни дрва

Media Press

Published

на

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица презеле засилени мерки за откривање и санкционирање на лица кои вршат бесправна сеча и превоз на огревни дрва, при што на планината Беласица биле запрени товарно возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ф.М. (29) од село Банско, натоварено со бесправно исечени огревни дрва и моторно возило „лада“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.Д. (22) од село Свидовица, струмичко, исто така, натоварено со бесправно исечени огревни дрва.
Во рамки на преземените мерки и активности, на друга локација на планината Беласица, дополнително биле пронајдени 4 м3 бесправно исечени огревни дрва. Дрвата и возилата се одземени и предадени на Шумската полиција Струмица. За случајот е известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица, а по негово целосно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Во Струмица годинава сепак ќе има карневал, одлучија градоначалникот Костадинов и Организациониот одбор

Media Press

Published

на

Градоначалникот Костадин Костадинов и Организациониот одбор на карневалот, а почитувајќи ги барањата на граѓаните, одлучија по пауза од две години, оваа година да продолжи вековната карневалска традиција во Струмица.

„Оваа вековна традиција не смее да има сериозни паузи од две или три години затоа што ги демотивира карневалските групи во иднина да учествуваат на карневалот. Но заради пандемијата во којашто се наоѓаме, карневалот ќе биде од локален карактер, а како гости ќе бидат поканети по еден претставник од карневалските групи од странство кои најчесто доаѓаа на струмичкиот карневал и со кои имаме долгогодишна соработка. Барање и на струмичани е да не престане таа традиција да обезбедиме континуитет“ вели градоначалникот Костадин Костадинов.

Карневалот ќе почне на 2 март и ќе заврши на 9 март со тримерските обичаи.

„Апелирам до сите учесници и посетители максимално да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита, но сепак да си ја изнегуваме нашата вековна традиција струмичкиот карневал“ додава градоначалникот Костадинов.

Главната карневалска вечер ќе се одржи на 5 март, а во осумте карневалски денови ќе ги има традиционалните карневалски содржини, концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“, маскенбал, детски карневал, бел грав на градскиот плоштад, доделување на награди на најдобрите карневалски маски, афоризми, карикатури и литературни творби на тема карневал, карневалско село – забава на плоштадот, а ќе биде промовирана и Монографија по повод 30 – годишниот јубилеј.

Прочитај повеќе

Струмица

Започна исплатата на помошта на сопствениците на дуќани и тезги кои беа зафатени во големиот пожар во „Глобал“ на 2 јануари 2021 година

Media Press

Published

на

Вкупно 13 милиони денари парична помош ќе бидат исплатени на сопствениците на дуќани и тезги кои беа зафатени во големиот пожар во „Глобал“ на 2 јануари 2021 година. Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов најави дека од денеска започна исплатата на помошта од Владата на Република Македонија на сопствениците на дуќани и тезги кои беа зафатени во големиот пожар во „Глобал“ од пред една година. Педесет правни и 20 физички лица ќе добијат по 20 проценти или вкупно 13 милиони денари.

„Општина Струмица и финансиски и со други активности во рамките на нејзините надлежности, помагаше во санирањето на последиците и обновувањето на опожарениот дел на Глобал.Се надевам дека овие средства ќе бидат од помош и НИКОГАШ повеќе да не се повтори“, објави градоначалникот Костадинов.

Прочитај повеќе

Струмица

56 -годишно лице физички бил нападнат во неговиот дом и му биле одземени пари

Media Press

Published

на

Вчера во 20.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека М.О.(56) од село Нова маала, струмичко, бил физички нападнат во неговиот дом, при што му биле нанесени повреди и му биле одземени пари.

М.О. бил пренесен во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, а увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе