Connect with us

Македонија

Македонската алпинистичка федерација ќе организира Комеморација во чест на алпинистот Зоран Мајсторски

Media Press

Published

на

Македонската алпинистичка федерација ќе организира Комеморација во чест на алпинистот Зоран Мајсторски од Радовиш, алпинист кој трагично го загуби животот извршувајќи ја својата последна работа на чистење на силоси во рудникот Бучим.

„Ве повикуваме на 17.12.21 во 19:00ч. во Домот на АРМ, сала 4 да му оддадеме почит на нашиот другар и алпинист Зоран Мајсторски.

Комеморацијата ќе пренесе дел од алпинистичката дејност на Зоран Мајсторски која остави значителен белег во Македонскиот алпинизам.

Зоран Мајсторски ја почнува својата алпинистичка кариера уште во 1993та, а во последната деценија во повеќе наврати е добитник на највисокото признание – годишната награда за алпинизам „Јован Ангелов Циго“ на Македонската алпинистичка федерација, неговиот клуб АК Плоча е прогласуван за најдобар клуб, членови на младинската школа од клубот во повеќе наврати беа корисници на стипендијата спортска надеж доделувана од страна на Агенцијата за млади и спорт, а исто така тој во повеќе наврати ја добиваше и наградата за најдобра алпинистичка наврска, која е посветна за некое од најдобрите алпинистички искачувања во  тековната година. Во 2006 година го формира Алпинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш, во кој
и денес е претседател, инструктор по алпинизам и главен тренер. Клубот лани го доби Шестоноемвриското признание на Радовиш, а лично Зоран тоа признание го има добиено во 2012 година“ се вели во најавата за настанот од Македонската алпинистичка федерација.

Инаку за неколку дена ќе навршат два месеци откако Зоран Мајсторски трагично го загуби својот живот на последната работна задача чистење на силоси во рудникот Бучим во Радовиш, заедно со младиот алпинист Драган Станишков.

И по два месеци сеуште нема официјални информации за причините за несреќата. На официјалната страна на Јавното обвинителство во Радовиш сè уште стои последното соопштение од 13 октомври кога се случи несреќат и во кое на крајот се вели дека „Основното јавно обвинителство Радовиш презема и други дејствија за откривање на причините за несреќата“.

Македонија

Со повисока минимална плата до поголема продуктивност и позитивен ефект врз животниот стандард на работниците

Media Press

Published

на

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната презентација на студијата за Минималната плата во Македонија и нејзините ефекти врз работење на фирмите, во организација на Сојузот на синдикатите, поддржана од Фондацијата Фридрих Еберт, рече дека анализата доаѓа во вистинско време кога отворено се зборува за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Таа посочи дека  повисока минимална плата која ќе се реализира заедно со социјалните партнери е програмска опрeделба на Владата.  Очекува препораките  и мислењата на експертите, да помогнат во изнаоѓањето на усогласени ставови, кои ќе придонесат за носењето на побрза и полесна одлука согласно меѓународните искуства.

 „Mинималната плата е комплексно прашање и треба да се разгледува од повеќе аспекти  и тоа какo  истата влијае на задоволството на вработените, на нивниот животен стандард, нејзините ефекти врз вработувањето а при тоа треба да се имаат во предвид и меѓународните искуства. Со соодветно ниво на минималната плата ќе ги мотивираме вработените да имаат поголема продуктивност при работењето. Оправданоста за утврдување на оптимално и прифатливо ниво на минимална плата е поради тоа што секој работник покрај тоа што бара работа сака да биде среќен и задоволен со исплата на плата која ги задоволува неговите животни потреби. Ние како држава, заедно со социјалните партнери работиме на создавање на услови  за достоинствена работа за да ги мотивираме нашите вработените да придонесат до поголема продуктивност при своето работење“, рече министерката Тренчевска.

Согласно измените на Законот за минимална плата од 2017 година, минималната плата порасна за 50,7%, односно  од 9.000 денари сега таа изнесува  15.194 денари.

Претседателот на Сојузот на синдикатите Дарко Димовски рече дека  покачувањето на минималната плата ќе придонесесе за позитивни  ефекти на животниот стандард на работниците.

Прочитај повеќе

Македонија

Каква е состојбата на активни случаи на корона вирус по градови

Media Press

Published

на

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19. Од нив 171 се регистрирани во Југоисточниот регион.

Во Струмица – 61, Гевгелија – 48, Радовиш – 27, Валандово – 13, Богданци – 10, Дојран – 2.

Од вкупниот број позитивни (2.019), регистрирани се 254 реинфекции, од кои две се втора реинфекција.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 261.347, бројот на оздравени пациенти е 231.179, на починати е 8.285, а бројот на активни случаи изнесува 21.883.

Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) е следна:
Скопје 118.549, Активни 11.802
Куманово 14.497, Активни 770
Прилеп 12.519, Активни 790
Битола 12.372, Активни 1.691
Тетово 12.160, Активни 548
Гостивар 8.629, Активни 348
Кавадарци 8.612, Активни 711
Велес 8.280, Активни 464
Охрид 7.794, Активни 635
Штип 7.400, Активни 328
Струмица 7.028, Активни 482
Кичево 4.850, Активни 312
Кочани 4.545, Активни 259
Струга 4.303, Активни 264
Гевгелија 3.635, Активни 441
Неготино 3.045, Активни 259
Свети Николе 2.371, Активни 125
Ресен 2.293, Активни 255
Радовиш 2.174, Активни 198
Крива Паланка 2.151, Активни 108
Делчево 1.722, Активни 176
Берово 1.626, Активни 103
Дебар 1.492, Активни 17
Валандово 1.315, Активни 175
Виница 1.269, Активни 58
Пробиштип 1.240, Активни 40
Кратово 869, Активни 60
Богданци 834, Активни 93
Крушево 811, Активни 129
Демир Хисар 759, Активни 76
Македонски Брод 621, Активни 42
Македонска Каменица 487, Активни 46
Демир Капија 477, Активни 29
Пехчево 412, Активни 33
Дојран 206, Активни 16

Прочитај повеќе

Македонија

Потврдено, второто полугодие започнува на 1 февруари, вторник

Media Press

Published

на

На одржаната седница Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари.

Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство.

Инаку стартот на второто полугодие беше одложен поради големиот број на позитивни случаи со Ковид-19 од сојот Омикрон, но иако и во овој период бројките се големи сепак мерките попуштаат, по примерот на останатите држави.

Прочитај повеќе