Connect with us

Радовиш

Дискусија на седница на Совет околу времено вработените во градинката преку Агенција за привремени вработувања финансирани од Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Одржана третата седница на Советот на општина Радовиш со дневен ред од 28 точки. Уште на почетокот на седницата три точки од дневниот ред беа тргнати на барање на советниците. 

Двете точки, Предлог Одлука за Усвојување на Годишната програма за работа на Детската градинка„Ацо Караманов“ и Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во  детската градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш, беа тргнати  од дневниот ред, поради побарано допонително појаснување од страна на директорката на градинката на следната седница. Станува збор за издовјување средства од општината за плати на времено вработените во градинката преку Агенција за привремени вработувања финасирани од Општина Радовиш, а не за волонтери како што беше дискутирано на седницата.   Градоначалникот Ацо Ристов рече дека ќе ги поддржат волонтерите односно времено вработените за децата да не останат незгрижени,  но истивремено и рече дека Министерството треба да си ги плаќа вработените доколку се потребни по закон. Тој потврди дека тие ќе се борат за да има доволен број на вработени во градинката согласно законот.

Во продолжение  без поголеми дискусии беа изгласани и останатите точки од денвниот ред. Така беше усвоена Предлог – Уредба за методологија за отврдување на критериумите за реаспределба на блок дотаци од областа на културата

Предлог Методологија за распределба на финансиски средства на здруженија на граѓани и други физички и правни лица од областа на културата, спортски клубови и здруженија на граѓани од областа на спортот

Предлог – Програма за одбележување на празници и настани во 2022година.

Предлог Програма за активностите на општина Радовиш во областа на културата, спортот и образованието. Советничката Зорка Трајкова Христова предложи две барања за надополнување на Предлог програмата за образование, едното за  инклузија на лицата со посебни потреби и второто за критериуми за избор на најдобар наставник.

Во продолжение на седницата беше изгласана Предлог одлука за давање согласност на годишниот план за вработување за 2022 година во Општина Радовиш

Предлог иницијатива за меѓуопштинска соработка од областа на инспекцискиот надзор за што советниците дадоа согласност да се користат услугите за градежен инспектор  од соседна општина, додека општина Радовиш да го реши овој проблем.

Потоа беа усвоени уште неколку предлог одлуки: Предлог одлука за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, одржување на комунални објекти и локални патишта за 2021 година во Општина Рдаовиш

Предлог одлука за измена и дополнување на Програмата за јавно осветлување на подрачјето на општина Радовиш 2021

Предлог одлуки за одобрување финансиски средства на граѓани и на граѓански здруженија.

Предлог одлука за одобрување финасиски средства на Спортската сала во Радовиш за плаќање на сметки за струја и вода и за плати на вработените.

И Предлог одлука за Усвојување квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Радовиш за 2021 година.

Радовиш

СТОП ЗА СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО -мирен јавен собир во Скопје

Media Press

Published

на

Семејството, роднини и пријатели на 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, која загина во сообраќајната несреќа кај Сити Мол во Скопје и нејзиното момче кое беше полесно повредено, во недела ќе организираат мирен собир на местото на трагедијата.

„Во знак на револт кон СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот, кои се придржуваат до правилата, а со последната трагедија каде што на 20.01.2022 згасна млад живот, згасна надежта Викторија да ги оствари своите соништа.
Поради тоа на 30.01.2022 година од 12:00ч до 13:00ч на место на несреќата, раскрсницата на бул.”Партизански одреди” кај City Mall ќе се одржи мирен, достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи.
Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно.

На мирен и достоинствен начин да го искажеме нашето незадоволство од непочитување на сообраќајните правила, сите сме пешаци и учесници во сообраќајот, вакви настани повеќе да не се повторат, свеста е кај секој од нас, да ја искористиме и да ја подигнеме за побезбедни улици“, стои во објавата за настанот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Предадени уметнички слики од здружението ДЛУР„Рада“ на Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Во знак на благодарност за повеќегодишната поддршка и покровителство на меѓународната радовишка ликовна колонија „Св.Ѓоргија“ која традиционално се одржува секоја година во Радовиш, од страна на Здружението на ликовни уметници „РАДА-ДЛУР“ од Радовиш на ЕЛС општина Радовиш и беа дадени неколку уметнички слики, изработени од ликовните уметници кои учествуваа на минатогодишната ликовна колонија.

На средбата се разговараше за тековните и идните проекти на Друштвото, проблемите со кои се соочуват членовите како и продолжувањето на традицијата на одржување и уште посилен меѓународен карактер на ликовната колонија „Св.Ѓоргија“, која е еден од најважните културни брендови на општина Радовиш.

Подарените дела од страна на претседателот на здружението Душан Коцев ги прими гадоначалникот Ацо Ристов кој ја потврди поддршката и во иднина.

Прочитај повеќе

Радовиш

Минусни температури се измерени во целата држава, во Радовиш утринава минус 10 степени

Media Press

Published

на

Минусни температури утринава низ целата територија на државата. Најтопло во Дојран со минус 5 степени, а најстудено во Делчево со минус 18 степени. Во Радовиш утринава се измерени минус 10 степени целзиусиви, исто и во Струмица.

Времето денеска студено, сончево и ветровито на повисоките места ќе паѓа и снег. Ќе дува ветер од северн правец со 30 километри на час.

УХМР информира дека највисока снежна покривка од 39 сантиметри има во Маврови Анови, 31 на Попова Шапка, a 14 сантиметри во Крушево.

Прочитај повеќе