Connect with us

Струмица

Во Струмица отворен првиот Регионален саем на социјални претпријатија од југоисточниот регион

Avatar

Published

на

Во Струмица вчера беше отворен првиот Регионален саем на социјални претпријатија од југоисточниот регион во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, заедно со Канцеларијата на регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија од Скопје, а во рамките на проектот „Поддршка социјални претпријатија“ поддржан од Европската Унија.

Саемот се одржа во фоајето на НУЦК „Антон Панов“, а беа презентирани потенцијалите на дваесетина потенцијални социјални претпријатија и невладини организации кои имаат економска социјална активност.

Градоначалникот Костадин Костадинов ги поздрави учесниците на саемот и рече дека тој е една многу важна регионална иницијатива која ќе донесе позитивни социо-економски промени во областа на социјалната инклузија и општествено одржливиот развој.

„Овој прв регионален саем за социјално претприемништво во Југоисточниот плански регион, воедно претставува модел на имплементирање на еден поинаков и поактивен пристап на обезбедување поддршка на локални заедници и луѓе од ранливи категории, со цел да бидат поинтегрирани во општеството и да ги развијат своите претприемачки способности за да можат да се ослободат од системот на користење на социјална заштита.

Оваа локална иницијатива произлезе благодарение на поддршката од проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ кој што е финансиран од Европската Унија. Навистина сум многу среќен што се финализира и се усвои Стратегијата за социјално претприемништво. Тоа значи дека веќе го имаме првиот правен документ во нашата земја, којшто заедно и со Акцицискиот план за развој на социјалното претприемништво во Македонија ќе се стреми кон усвојување на Законот за Социјално претприемништво, кој што ќе даде дополнителна тежина кон препознавање, видливост и финансиска поддршка на социјалните претпријатија.

Во нашиот регион постојат иницијативи за социјални претпријатија кои што имаат силна социјална мисија и ги промовираат нивните високо-квалитетни услуги и производи, истовремено обезбедувајќи одржливо решение за ранливите категории на луѓе“, рече Костадинов.

 

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Лишени од слобода три лица од струмичко, агресивно се однесувале кон полициски службеници

Avatar

Published

на

На 20.03.2024 во 22.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Т.(31) од Струмица, О.К.(42) и П.С.(31), двајцата од село Баница, струмичко, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе