Connect with us

Македонија

16 дена активизам против родово базирано насилство

Avatar

Published

на

Започна Кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ која во Македонија се одбележува од 2014 година и има цел да  ја подигне општествената свест и да поттикне на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство.  Кампањата се случува секоја година во текот на 16 дена во периодот помеѓу 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените и 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.

Во текот на овие шеснаесет дена вообичаено се реализираат бројни активности со цел промоција на кампањата ширум целата земја, меѓу кои и вклучување на јавни личности од сите сфери од општественото живеење, кои ќе ја споделат својата поддршка преку бројни панели и работилници, како и преку низа активности во медиумите и на јавните места.

„Секој од нас може да спречи насилство, а жртвите на родово базирано насилство, жени и девојчиња, мора да знаат дека не се сами“ апелираат од мадлежните институции.

МТСП и останатите институции координирано постапуваат и преземаат конкретни мерки за заштита на жртвите согласно  законските надлежности. 

„Ги охрабруваме сите жени кои се соочуваат со каква било форма на семејно насилство или насилство од својот партнер да пријават на 192, СОС линиите, во центрите за социјална работа или најблиската полициска станица, велат од Министерството.

Од МТСП од Радовиш велат дека во последната година немаат пријави од жртви на семејно насилство. Бидејќи Радовиш сеуште нема прифатилиште за жртви на семејно насилство, во претходните години кога имало такви случаи жртвите ги сместувале во Шелтер центрите во Свети Николе или во Кочани, доколку немаат свое живеалиште.

прикажи повеќе
Advertisement

Избори 2024

Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници

Avatar

Published

на

Вчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.

„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите

Avatar

Published

на

„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .

Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот

Avatar

Published

на

„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.

„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо –  победуваме!

Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и  нивните измеќари од СДСМ!       

Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.

Прочитај повеќе