Connect with us

Македонија

Бочварски и Спасовски: Во тек е постапка за одземање на лиценцата за работа на превозникот

Media Press

Published

на

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, синоќа одржаа заедничка прес-конференција на која изразија сочувство до семејствата и блиските на загинатите од трагичната сообраќајна несреќа која се случи во Бугарија, и ги соопштија сознанијата за несреќата кои овој момент се познати, како и активностите што ќе бидат преземени.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи соопшти дека со Бугарија веднаш била договорена измена на КОВИД протоколите со што им се овозможува влез на сите блиски роднини на настраданите лица во тешката сообраќајна несреќа да патуваат за Софија, без да приложуваат било каков документ во врска со КОВИД-19, и дека е изготвен протокол за употреба на СОС телефонот во МНР, со цел да им се излезе во пресрет на големиот број барања на граѓаните за информации во врска со нивните најблиски.


Во амбасадата во Софија, рече Османи, се испратени и двајца искусни дипломати како дополнително засилување во амбасадата за да се олесни координацијата на активностите меѓу институциите овде во Скопје и во Софија, кои по завршување на процесот на идентификација ќе ја подготват и организираат постапката за пренос на телата на починатите.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски соопшти дека со неговиот бугарски колега Рашков е договорена заедничката координација на претставници на Министерството за внатрешни работи од униформираната и сообраќајната полиција, како и од Одделот за криминалистичко-технички испитувања со нивните бугарските колеги.


Спасовски додаде дека покрај претставници на МВР, во Бугарија се и претставници на неколку стручни служби од нашата држава кои ја понудија експертската помош, како и на нашето обвинителство кои на колегите од бугарското јавно обвинителство ќе им ја обезбедат и предадат целокупната потребна документација.
Спасовски рече дека очекува брза и сеопфатна реакција на надлежните служби и дека со заедничка соработка со Бугарија многу брзо ќе имаме одговор на сите прашања околу оваа трагедија, и информираше дека во доменот на податоците со кои располага МВР последната извршена проверка за техничка исправност на автобусот е направена на 5 октомври оваа година.
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски информираше дека врз основа на критериумите за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, превозникот „Беса транс“, ги исполнил условите за добивање на лиценца и издадена му е лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници со важност од 08.08.2018 година до 08.08.2022 година, односно има уредна лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници.


Бочварски уште појасни дека во системот на Министерството за транспорт и врски конкретниот превозник е заведен со 4 возила кои поседуваат лиценца за превоз, но откако се добиени информации од Министерството за внатрешни работи за опожареното возило, констатирано е дека тој автобус не бил пријавен од страна на превозникот согласно член 11 став 5 од Законот за превоз во патен сообраќај и поради тоа возилото го нема во електронската база на податоци на Министерството за транспорт и врски.
Министерот за транспорт и врски Бочварски соопшти дека согласно досега добиените сознанија превозникот вршел меѓународен превоз без извод од лиценца за конкретното возило, врз основа на член 12 став 2 алинеја 1 од Законот за превоз во патен сообраќај, во тек е постапка за одземање на лиценцата за работа на превозникот, и дека на денешната седница Владата го задолжи Државниот инспекторат за транспорт за изврши вонреден инспекциски надзор во компанијата „Беса транс“.

Македонија

МВР со превентивна кампања граѓаните де не употребуваат петарди

Media Press

Published

на

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.
МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.

Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните.

Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што:

(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години;

(2) Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор.

Прочитај повеќе

Македонија

Стапува на сила обврската за наплата на биоразградливи кеси по 15 денари, обичните пластични кеси се забрануваат

Media Press

Published

на

Министерството за животна средина и просторно планирање ја потсетува јавноста дека од  денеска 1 декември, стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.

Со овој закон се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки на пазарот, како и пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во Република Македонија.

Со законот е предвидено со плаќање на надоместок од страна на крајните корисници, дозволено е пуштање на пазарот биоразградливи кеси за носење на стоки кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, освен многу лесните пластични кеси за носење на стоки ( чијшто дебелина  е пониска од 15 микрони).

Биоразградливите кеси за носење на стоки изнесува 15 денари за парче и истиот се плаќа на трговецот на местото на продажба ( надоместокот е со вклучен ДДВ).

Целта на овој Закон е  како што напоменуваат од Министерството за животна средина, да ги одвратат корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулират употребата на торби за повеќекратна употреба, а засновано врз принципот „ загадувачот плаќа“.

Производителите на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост. Стандардите за биоразградливост беа воведени уште во претходниот Закон,  а пропишани во 2013г велат од Министерството.

Прочитај повеќе

Македонија

Од 1 декември започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата

Media Press

Published

на

Од 1 декември, среда, започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон.

Ќе се дозволи само продажбата на биоразградливи кеси кои ќе бидат лесни, но ќе чинат 15 денари. Најголемиот дел од тие пари, ќе одат во Фондот за заштита на животната средина.

Според Министерството за животна средина идејата е да се намали употребата на пластика. Оние средства што ќе се создаваат од тие 15 денари при секое купување на кесе ќе одат во фонд со кој ќе се инвестира во животната средина, исто така ќе се инвестираат во свесноста на граѓаните, како да го третираат отпадот во државата.

Прочитај повеќе