Стопанската комора на Македонија денеска соопшти дека бара во мерките за заштита
од ковид-19 да се наведе дека тие работници што не сакаат да се вакцинираат, а
ја немаат прележано болеста во последните шест месеци, да можат да прават и
брзи тестови кои се поевтини во однос на ПЦР тестовите, но трошоците исклучиво
да бидат на нивна сметка, а во ниеден случај на сметка на работодавачите.
Комората во пресрет на денешната владина седница
апелира, доколку се усвои ваквиот предлог, државата да овозможи контррла на
движење на цените, односно да ја определи највисоката цена на брзите антигенски
тестови за работниците да немаат големи трошоци.
„Сакаме повторно да укажеме дека ставот на бизнис заедницата е вработените за време на извршување на работата мора да исполнуваат еден од условите за заштита од корона вирусот накратко наречен “ВПТ”: вакцинација од вирусот, прележан COVID-19 или да се тестираат. За вработените кои не се вакцинирани или го немаат прележано вирусот да се предвиди воведување на задолжително тестирање најмалку еднаш неделно со брзи антигенски тестови, со само-тестирање или во државни или приватни дијагностички центри, како ќе одлучи работодавачот. Не случајно се предлагаат брзи антигенски тестови кои се значително поевтини од ПСР тестовите и се согласно искуствата и во другите земји“ потенцираат од комората.
Отаму додаваат дека трошокот за тестирање со брзи антигенски тестови исклучиво треба да е на терет на работникот, за да се постигне подигнување на степенот на имунизација во пократок временски период и да се спречат мутациите на вирусот. Во спротивно, ваквиот трошок, за бизнис заедницата е непродуктивен, односно трошок без ефект кои во услови на пандеја, здравствена, економска и енергетска криза е неоправдан.
Во насока на реализација на спроведување на мерката на задолжително тестирање без истата да предизвика значителни материјални трошоци за работниците, а и поради ризикот од покачување на цените на антигенските тестовите во услови на зголемена побарувачка, бизнис заедницата предлага Владата согласно Законот за трговија да донесе Одлука да ја определи највисоката цена (набавна односно увозна цена со оглед дека нема домашно производство зголемена за разумна маржа) за овој вид на тестови.
„Ние како Стопанска комора на Северна Македонија, ќе упатиме повик до нашето членство, согласно барањата на синдикалните организации да овозможат за вработените кој ќе се вакцинираат 2 дена платено одсуство од работа.
Мора да се има предвид
дека заеднички мора да работиме на подигнување на степенот на вакцинација,
заради што и Комората спроведе и анализи и сериозни дискусии низ членството, со
цел се спречат и мутациите на вирусот во што пократок период, и предлага
мерката да стапи на сила што поитно, но да се даде период за можност
невакцинираните лица кои се во работен однос да се вакцинираат“, соопштуваат од Стопанска комора на
Македонија.