Connect with us

Македонија

Најмалку 45 лица го загубија животот во катастрофалната сообраќајна незгода со македонски автобус во Бугарија

Media Press

Published

на

Најмалку 45 лица од Македонија го загубија својот живот во катастрофалната сообраќајна незгода која се случи во близина на Дупница на АМ „Струма“ меѓу кои и 12 деца.

Автобусот се враќал од Истанбул кон Скопје, а на граничниот премин „Капитан Андреево“ влегол вчеравечер околу 21.00 часот.

На лице место на несреќата рано утрово пристигнале премиерот Зоран Заев, МНР Бујар Османи и Венко Филипче.

Седуммина од патниците успеале да се спасат кршејќи ги стаклата од прозорците во автобусот откако се слушнала експлозија, изјавил премиерот Заев во изјава за бугарските медиуми, по неговиот разговор со еден од повредените во автобуската несреќа во Бугарија.

– Имаме информација дека 12 од патниците се деца помали од 18 години. И другите се млади од 25 до 30 години. Знаеме дека се враќале од Турција – истакна Заев, кој замина за болницата „Пиргов“, каде што се сместени повредените.

Во автобусот патувале 53 лица, а меѓу загинатите има и две близначиња. Седум лица се преживеани и испратени во урегнтниот центар во „Пирогов“.

Инцидентот се случил нешто околу 03.00 часот.

„Веста за страшната трагедија што се случи во Бугарија не потресе сите. Многу млади изгубени животи, неизмерна тага и болка за семејствата до кои изразувам сочувство. Утрово во болницата во Софија ги посетив патниците кои ја преживеаја страотната сообраќајка. Во разговор со колегите од Клиниката, пациентите се згрижени, соодветно третирани и сите се стабилни и надвор од животна опасност“, напиша министерот Венко Филипче на социјалните мрежи.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

МВР со превентивна кампања граѓаните де не употребуваат петарди

Media Press

Published

на

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.
МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.

Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните.

Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што:

(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години;

(2) Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор.

Прочитај повеќе

Македонија

Стапува на сила обврската за наплата на биоразградливи кеси по 15 денари, обичните пластични кеси се забрануваат

Media Press

Published

на

Министерството за животна средина и просторно планирање ја потсетува јавноста дека од  денеска 1 декември, стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.

Со овој закон се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки на пазарот, како и пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во Република Македонија.

Со законот е предвидено со плаќање на надоместок од страна на крајните корисници, дозволено е пуштање на пазарот биоразградливи кеси за носење на стоки кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, освен многу лесните пластични кеси за носење на стоки ( чијшто дебелина  е пониска од 15 микрони).

Биоразградливите кеси за носење на стоки изнесува 15 денари за парче и истиот се плаќа на трговецот на местото на продажба ( надоместокот е со вклучен ДДВ).

Целта на овој Закон е  како што напоменуваат од Министерството за животна средина, да ги одвратат корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулират употребата на торби за повеќекратна употреба, а засновано врз принципот „ загадувачот плаќа“.

Производителите на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост. Стандардите за биоразградливост беа воведени уште во претходниот Закон,  а пропишани во 2013г велат од Министерството.

Прочитај повеќе

Македонија

Од 1 декември започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата

Media Press

Published

на

Од 1 декември, среда, започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон.

Ќе се дозволи само продажбата на биоразградливи кеси кои ќе бидат лесни, но ќе чинат 15 денари. Најголемиот дел од тие пари, ќе одат во Фондот за заштита на животната средина.

Според Министерството за животна средина идејата е да се намали употребата на пластика. Оние средства што ќе се создаваат од тие 15 денари при секое купување на кесе ќе одат во фонд со кој ќе се инвестира во животната средина, исто така ќе се инвестираат во свесноста на граѓаните, како да го третираат отпадот во државата.

Прочитај повеќе