Регион

Најмногу активни случаи на Ковид-19 во Југоистокот има во Гевгелија, потоа следуваат Струмица и Радовиш

Најмногу активни случаи на Ковид-19 во Југоистокот има во Гевгелија -150, потоа следуваат Струмица со 115 и Радовиш со 85 активни случаи.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во неделниот извештај за состојбата со коронавирусот во земјава забележа дека во периодот од 8 до 14 ноември од Ковид-19 заболеле 3.218 лица, што е за 286 помалку од периодот меѓу 1 и 7 ноември.

Минатата недела се тестирани  21 346 лица, за 3,5 отсто помалку од претходната седмица.

Најмногу новозаразени има во Скопје. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (4,6 проценти). Најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0 до 9 години (3,2 проценти). Според полот, 52,1 отсто од заболените се жени, а 47,9 мажи.

Пријавени се 77 смртни случаи, најмногу од возрасната група над 60 години.

Хоспитализирани биле 534 пациенти, од кои 343 на кислородна поддршка и 21 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација. Минатата недела се евидентирани и 2 660 оздравени лица. ИЈЗ регистрирал и 36 реинфекции.

Вчера беа регистрирани нови 476 случаи на Ковид-19 од направени 3.145 тестирања и вкупно 13 починати.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.447, бројот на оздравени пациенти е 194.625, на починати е 7.367, а бројот на активни случаи изнесува 8.455.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови во Југоистикот е следна:

Струмица 5987, активни 115

Гевгелија 2704, активни 150

Радовиш 1682, активни 85

Валандово 885, активни 29

Богданци 617, активни 29

Дојран 158, активни 5

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago