Connect with us

Радовиш

Започна вакцинацијата против сезонски грип, за неризичните групи по цена од 800 денари

Media Press

Објавено на

Околу 70 граѓани од општините Радовиш и Конче денеска беа вакцинирани против сезонски грип во  Хигиенско-епидемиолошката служба  (ХЕС) во Здравстениот Дом во Радовиш. 

Некои од граѓаните велат дека се вакцинирале со три дози против Ковид -19, а денеска се вакцинираат и против сезонски грип со цел да се заштитат.

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Граѓаните кои сакаат да се вакцинират со пополнување на формата на vakcinacija.mk се регистрираат за вакцинација директно во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, по пат на смс тие се нформирани за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој го изберале при регистрацијата.

Освен со бесплатна вакцина имаше и такви  кои не влегуваат во споменатите  ризични групи, па тие се вакцинираат со плаќање по цена од 800 денари за вакцина, со цел да се заштитат.

Инаку вакцинацијата во ХЕС службата во Радовиш ќе се спроведува секој работен ден од 8:30 до 14 часот.

Како што  претходно најавија од Министерството за здравство без разлика дали е прва, втора или трета доза на вакцина против ковид-19, може да се прими во исто време и вакцина против сезонски грип.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе