Connect with us

Струмица

Средствата за новогодишно украсување на Струмица од планираните 1,5 милиони денари намалени на 400 илјади денари, на предлог на градоначалникот

Avatar

Published

на

Советот на општина Струмица  ја одржа втората седница на која беше усвоен кварталниот извештај за извршување на општинскиот буџет за третиот квартал од 2021 година чија реализација изнесува 71 процент.

Основниот буџет има реализација од 72 процента во однос на планираното, наменските дотации 75 проценти, самофинансирачките активности 32 проценти, донациите 37 проценти од планираното и реализацијата на кредити е 100 проценти.

Беше донесена и одлука за измена и дополнување на буџетот за 2021 година и тоа во Програмите за изработка на урбанистички планови и уредување на градежното земјиште, за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот, во областа на меѓународна соработка, за изградба и одржување на јавното осветлување, за одржување на јавно зеленило, за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици, во областа на културата, спортот и младите, за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската унија, за активности во областа на заштитата на животната средина, социјалната заштита и заштитата на децата и за активностите на Општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2021 година.

Советниците едногласно го прифатија предлогот на градоначалникот Костадин Костадинов за намалување на средствата за новогодишно украсување на градот од планираните 1,5 милиони денари на 400 илјади денари, поради енергетската криза, а ќе се украсува само градскиот плоштад.

На седницата беше донесена уште една одлука на предлог од градоначалникот Костадинов за продажба на службеното возило наменето за градоначалникот, а средствата од продажбата ќе бидата наменети за Младинскиот културен центар.

На дневен ред беа и извештајот за работата на јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“ и програмата за работа на општинската јавна установа –Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица за 2022 година.

 

Струмица

Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово

Avatar

Published

на

Вчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Прочитај повеќе

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе