Connect with us

Радовиш

Радовишанецот Ефтим Здравевски Доцент на ФИНКИ добитник на наградата за најдобар научник на УКИМ

Media Press

Published

на

И Радовиш може да се пофали со натпросечни умови, со интелектуалци и врвни научници.  Еден од таквите е Ефтим Здравевски Доцент на ФИНКИ добитник на наградата за најдобар научник од техничко-технолошките науки на УКИМ, кој по потекло е од Радовиш.

Во областа на техничко-технолошките науки, како најдобар научник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2020 година е избран д-р Ефтим Здравевски, доцент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Во 2020 година доц. д-р Ефтим Здравевски има објавено 25 трудови во списанија со фактор на влијание, со вкупен фактор на влијание 64,56 и вкупен Scopus Cite Score 99,4, како и 16 публикации во зборници на трудови од меѓународни конференции.

Здравевски е дел од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од неговото основање во 2011 година. Неговите научни интереси и активности се во областите на машинско учење, паралелни алгоритми, анализа на временски серии и нивната примена кај големи податоци од повеќе домени.


Ефтим Здравевски е роден во 1984 година во Радовиш, каде завршил основно и средно образование. Дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје во 2008 година со просек 9.56. Магистрирал на истиот факултет на насоката Интелигентни информациони системи во 2010 година, со магистерска теза од областа на податочно рударење и просек 10.0. Во 2017 година докторирал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) со докторат од областа на примена на машинско учење кај големи податоци и временски серии со просек 10.0.

На Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е вработен веднаш по магистрирањето во 2010 година. Потоа, од 2011 година работи на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство прво како асистент, а од 2017 година како Доцент. Исто така е активно вклучен во индустријата, каде има работено на различни технички и извршни позиции во компании од Македонија, САД, Канада, Шведска и Естонија.

Од 2004 година, д-р Здравевски Член е на Менса Македонија, организација на граѓани со високо-натпросечна интелигенција. Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа има објавено над 135 научни трудови во меѓународни конференции и списанија со фактор на влијание. Исто така за овие и многу други журнали редовно рецензира научни трудови. Има учествувано или водено национални и интернационални истражувачки проекти поврзани со анализа на временски серии, големи податоци и примена на машинско учење во различни домени. Има добиено повеќе награди и грантови на разни натпревари и научно-истражувачки повици. Во кариерата има остварено десетици научни претстои на универзитети и научни собири во САД, Кина, и Западна Европа.

За неговата научно-истражувачка работа во 2020 година, со објавени над 40 научни трудови во престижни списанија и меѓународни конференции, ја доби Наградата за најдобар научник во техничко-технолошките науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Неговите активни области на интерес се ФинТек, големи податоци, бази и складишта на податоци, машинско учење, пресметување во облак, анализа и предвидување на временски серии, и др.

Ефтим Здравевски е семеен човек, оженет и татко на три деца. Живее во Скопје но често доаѓа во Радовиш, во неговото родно место, каде растел и го започнал своето образование, каде го врзуваат безброј спомени поврзани со своите роднини и пријатели. Радовиш се гордее со вакви интелектуални умови кои го претставуваат во државата и надвор од неа.

Радовиш

Во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица во тек е реализација на проект за спроведување на мерки за енергетска ефикасност

Media Press

Published

на

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов денеска  беше во посета на општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ во Ораовица каде во тек е реализацијата на проектот за спроведување на мерки за енергетска ефикасност согласно програмата за аерозагадување.

Со цел за енергетска ефикасност и заштеда на енергија ке биде заменета постоечката алуминиумска столаријата со ПВЦ. Исто така во ова училиште целосно беше реконструиран и спортскиот терен.

Прочитај повеќе

Радовиш

Дали општинските згради за нова година ќе останат без струја, градоначалникот Ацо Ристов бара решение од надлежните институции

Media Press

Published

на

Дали зградата на  Локалната самоуправа на Општина Радовиш за нова година ќе остане без струја, како и и јавните образовни институции и уличното осветлување во градот, поради актуелната енергетска криза, или ќе има измени во постапката за набавка на струја, беше проблем кој го спомна градоначалникот Ацо Ристов на одржаниот регионален состанок на ЦУК, кој вчера се одржа во Радовиш и на кој беше присутен и директорот Стојанче Ангелов.

Со овој проблем како што спомна Ристов освен Радовиш се соочуваат и останатите општини и тој побара брза интервенција на Владата со уредба да се смени регулативата за набавка на електрична енергкија и од слободен да се префрлат на регулиран пазар за купување на струја.

Прочитај повеќе

Радовиш

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на работна средба со институциите за безбедноста на граѓаните за општините Радовиш и Конче

Media Press

Published

на

Работна седница на Регионалниот штаб на РЦУК Радовиш во проширен состав, со активно присусто на новите градочалници на општините Радовиш, Ацо Ристов и на Конче, Златко Ристов, се одржа во просториите на општина Радовиш- сала за совет, под раководство на Стојанче Ангелов, диркторот на Центарот за управување со кризи (ЦУК). По воведодот на рководителот на РЦУК Радовиш, Драги Стојанов согласно дневниот ред, се разви обемна и конструктивна дискусија за подготвеност на субјектите за претстојниот зимски период.
Притоа, имаше размена на идеи предлози, законски надлежности на институциите на подрачјето на општините Радовиш и Конче во интерес на безбедноста и сигурноста на граѓаните.


На работната средба учествуваа и раковидители на Секторот за операции и координација (СОК) од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и сите субјекти од Системот за управување со кризи од општините Радовиш и Конче.
Беа донесени заклучоци што претставуваат идна патека за работа во контекст со локалниот менаџмент на кризи во координација со националните правци, со стратешка определба за реално техничко и командно зајакнување, како што посочи Ангелов, а како што градоначалниците потврдија, во контекст на намалување и анулирње на невољите при кризни состојби, како локални, така и регионални. Конкретно, беа донесени глобални заклучоци, кои ќе се практикуваат и локално адаптирани на можните кризни предизвици:

Интензивирање и продолжување на соработката и комуникацијата со субјектите во системот на локално ниво, заради навремено информирање за сите појави и настстани што можат да предизвикаат несакани последици и опасности од поплави, одрони на земја, лизгање на терени, прекини во патниот сообраќај, студено време , наноси од снег и други карактеристични појави за периодот што следува.

Задолжително следење на комуналните претпријатија и водостопанските субјекти на водостоите на реките и речните корита, постојана комуникација и координација со стопанствениците на високи брани. Нормално и да се пропагира до населението да не ги фрла отпадоците во веќе исчистените канали.

Задолжително користење и постапување по оперативните планови за заштита и одбрана од поплави, што ги имаат донесено за дејствување во вакви состојби.

Инаку, покрај директор на Центар за управување со кризи, градоначалниците на општините Радовиш и Конче, управителот на ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш, на седницата зедоа учество и членовите на Ргионалниот штаб: директорот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш, СВР Струмица ОВР Радовиш, ЕЛС Радовиш, ЕЛС Конче, МЗШВ ПЕ Радовиш, Републички инспектор за патишта, ОО Црвен крст Радовиш, ЈП „Плаваја“ Радовиш, ТППЕ Радовиш, Македонски шуми ПШС „Плачковица“ Радовиш, и АД „Водостопанство“ подружница Радовиш.

Прочитај повеќе