Connect with us

Здравје

Ревакцинирани се 47% од полнолетните граѓани на нашата држава

Media Press

Published

на

Министерството за здравство во последниот извештај за вакцинацијата во нашата држава известува дека заклучно со 13 ноември вкупно се вакцинирани 813.782 граѓани, ревакцинирани се 784.833, а трета доза примиле 54.170 граѓани. 56% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58% , а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Според статистика за изминативе три месеци, 36.980, граѓани, односно 71% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. 

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SarsCoV2.

Здравје

Дијабетесот е надвор од контрола

Media Press

Published

на

Новите бројки на Меѓународната федерација за дијабетес откриваат алармантен раст на застапеноста на дијабетесот.

Дијабетесот е значаен глобален предизвик за здравјето и благосостојбата на луѓето, семејствата и земјите.

Заклучокот од истражувањето е дека 1 од 10 возрасни лица има дијабетес. Во моментот 537 милиони возрасни луѓе ширум светот живеат со дијабетес и до крајот на 2030 година бројката на возрасни луѓе со дијабетес се предвидува дека ќе се искачи на 643 милиони.

Во нашата држава само во 2020 година има 7432 новозаболени лица од дијабетес од кои 53,5% се жени и 46,5% се мажи.

Светскиот ден на дијабетесот се одбележува 14 Ноември

Прочитај повеќе

Здравје

Опфатени 364 основни и 109 средни училишта со започнувањето на скринингот за Ковид-19

Media Press

Published

на

Министерството за здравство започнува активности за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средни училишта во Република Северна Македонија.

Од таму известуваат дека ќе биде спроведен скрининг со брзи антигенски тестови, и по претходно добиена писмена согласност од родителите или старателите на учениците, тестирањата, кои ќе почнат од следната недела, ќе опфатат вкупно 364 основни и 109 средни училишта ширум државата.

Соби рањето согласности за тестирање на учениците во училиштата започнува од денес.

„Скринингот во училиштата ќе овозможи да се добијат релевантни податоци за можното асимптоматско ширење на вирусот Ковид-19, односно дали тој се шири низ училиштата и каква е трансмисијата. Најмногу тестирања ќе бидат спроведени во општините Тетово – 546, Куманово – 489, Битола – 378, Прилеп – 309 и Гостивар – 296. Додека пак, во рамки на училиштата на општините и градот Скопје, скринингот ќе опфати 766 ученици.“ – стои во соопштението на Министерството

Од таму апелираат до родителите и старателите, да дозволат учениците да учествуваат во превентивното тестирање, со цел да се добијат релевантни податоци за трансмисијата на Ковид-19 низ училиштата, како и да се утврдат асимптоматски случаи кај учениците и средношколците.

Прочитај повеќе

Здравје

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 404 пациенти

Media Press

Published

на

Според статистиката на Министерството за Здравство во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 404 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 34 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 52 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 59, во ковид центарот во Гостивар 7, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 31 пациент, во Кочани 7 во Кичево 8, Кавадарци 34, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.“ – стои во соопштението на Министерството за здравство

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 658 и има околу 415 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Прочитај повеќе