Радовиш
Од понеделник 15 ноември започнува вакцинација против сезонски грип во Радовиш
Објавено на
Од
Media Press
Како што информираат од Хигиенско-епидемиолошката служба (ХЕС) во Здравстениот Дом во Радовиш, од понеделник 15 -ти ноември започнува вакцинацијата против сезонски грип за 2021/2022.
„Вакцинација против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. Вакцинацијата против сезонскиот грип е незадолжителна, по желба на граѓанинот“ стои во известувањето од ХЕС службата.
Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за следните ризични групи:
- Стари лица (над 65 години)
- Лица со хронични заболувања
- Здравствени работници
- Бремени жени
- Деца на возраст од 6 месеци до 5 години
„Со пополнување на формата на vakcinacija.mk се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, по пат на смс ќе добиете информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата. Сите граѓани кои не влегуваат во горе споменатите ризични групи може да се вакцинираат и да се заштитат. Оваа вакцина е 800 денари“, се додава во известувањето.
Инаку вакцинацијата ке се спроведува секој работен ден од 8:30 до 14 часот.
Годинава се набавени 40 илјади дози вакцини на сезонски грип, а денес се пуштени 4.300 термини во 18 пунктови низ земјава, и се ичекува за десетина дена да заврши имунизацијата, изјави министерот за здравство Венко Филипче, Кој додаде дека во исто време може да се примат вакцините против ковид-19 и сезонски грип.
„Без разлика дали е прва, втора или трета доза на вакцина против ковид-19 може да се прими во исто време со другата вакцина, а ако има временска разлика нема никаква врска колкава е временската дистанца“, рече Филипче.
Поврзани содржини

Досега во Радовиш се вакцинирале околу 600 граѓани против сезонски грип, гужви имаше и денеска

ЈЗУ Здрваствен дом, Радовиш информира дека граѓаните ќе можат да примаат вакцина против Ковид-19 и на плоштадот

Трета доза вакцина примиле над 58.000 граѓани во Македонија

Започна вакцинацијата против сезонски грип, за неризичните групи по цена од 800 денари

Ревакцинирани се 47% од полнолетните граѓани на нашата држава

Од денеска започнува пријавувањето за вакцината против сезонски грип
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

