Connect with us

Радовиш

Од понеделник 15 ноември започнува вакцинација против сезонски грип во Радовиш

Media Press

Published

на

Како што информираат од Хигиенско-епидемиолошката служба  (ХЕС) во Здравстениот Дом во Радовиш, од понеделник 15 -ти ноември започнува вакцинацијата против сезонски грип за 2021/2022. 

„Вакцинација против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. Вакцинацијата против сезонскиот грип е незадолжителна, по желба на граѓанинот“ стои во известувањето од ХЕС службата.

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за следните ризични групи:

  • Стари лица (над 65 години)
  • Лица со хронични заболувања
  • Здравствени работници
  • Бремени жени
  • Деца на возраст од 6 месеци до 5 години

„Со пополнување на формата на vakcinacija.mk се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, по пат на смс ќе добиете информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата. Сите граѓани кои не влегуваат во горе споменатите  ризични групи може да се вакцинираат и да се заштитат. Оваа вакцина е 800 денари“, се додава во известувањето.

Инаку вакцинацијата ке се спроведува секој работен ден од 8:30 до 14 часот.

Годинава се набавени 40 илјади дози вакцини на сезонски грип, а денес се пуштени 4.300 термини во 18 пунктови низ земјава, и   се ичекува за десетина дена да заврши имунизацијата, изјави  министерот за здравство Венко Филипче, Кој додаде дека во исто време може да се примат вакцините против ковид-19 и сезонски грип.

„Без разлика дали е прва, втора или трета доза на вакцина против ковид-19 може да се прими во исто време со другата вакцина, а ако има временска разлика нема никаква врска колкава е временската дистанца“, рече Филипче.

Радовиш

Во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица во тек е реализација на проект за спроведување на мерки за енергетска ефикасност

Media Press

Published

на

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов денеска  беше во посета на општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ во Ораовица каде во тек е реализацијата на проектот за спроведување на мерки за енергетска ефикасност согласно програмата за аерозагадување.

Со цел за енергетска ефикасност и заштеда на енергија ке биде заменета постоечката алуминиумска столаријата со ПВЦ. Исто така во ова училиште целосно беше реконструиран и спортскиот терен.

Прочитај повеќе

Радовиш

Дали општинските згради за нова година ќе останат без струја, градоначалникот Ацо Ристов бара решение од надлежните институции

Media Press

Published

на

Дали зградата на  Локалната самоуправа на Општина Радовиш за нова година ќе остане без струја, како и и јавните образовни институции и уличното осветлување во градот, поради актуелната енергетска криза, или ќе има измени во постапката за набавка на струја, беше проблем кој го спомна градоначалникот Ацо Ристов на одржаниот регионален состанок на ЦУК, кој вчера се одржа во Радовиш и на кој беше присутен и директорот Стојанче Ангелов.

Со овој проблем како што спомна Ристов освен Радовиш се соочуваат и останатите општини и тој побара брза интервенција на Владата со уредба да се смени регулативата за набавка на електрична енергкија и од слободен да се префрлат на регулиран пазар за купување на струја.

Прочитај повеќе

Радовиш

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на работна средба со институциите за безбедноста на граѓаните за општините Радовиш и Конче

Media Press

Published

на

Работна седница на Регионалниот штаб на РЦУК Радовиш во проширен состав, со активно присусто на новите градочалници на општините Радовиш, Ацо Ристов и на Конче, Златко Ристов, се одржа во просториите на општина Радовиш- сала за совет, под раководство на Стојанче Ангелов, диркторот на Центарот за управување со кризи (ЦУК). По воведодот на рководителот на РЦУК Радовиш, Драги Стојанов согласно дневниот ред, се разви обемна и конструктивна дискусија за подготвеност на субјектите за претстојниот зимски период.
Притоа, имаше размена на идеи предлози, законски надлежности на институциите на подрачјето на општините Радовиш и Конче во интерес на безбедноста и сигурноста на граѓаните.


На работната средба учествуваа и раковидители на Секторот за операции и координација (СОК) од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и сите субјекти од Системот за управување со кризи од општините Радовиш и Конче.
Беа донесени заклучоци што претставуваат идна патека за работа во контекст со локалниот менаџмент на кризи во координација со националните правци, со стратешка определба за реално техничко и командно зајакнување, како што посочи Ангелов, а како што градоначалниците потврдија, во контекст на намалување и анулирње на невољите при кризни состојби, како локални, така и регионални. Конкретно, беа донесени глобални заклучоци, кои ќе се практикуваат и локално адаптирани на можните кризни предизвици:

Интензивирање и продолжување на соработката и комуникацијата со субјектите во системот на локално ниво, заради навремено информирање за сите појави и настстани што можат да предизвикаат несакани последици и опасности од поплави, одрони на земја, лизгање на терени, прекини во патниот сообраќај, студено време , наноси од снег и други карактеристични појави за периодот што следува.

Задолжително следење на комуналните претпријатија и водостопанските субјекти на водостоите на реките и речните корита, постојана комуникација и координација со стопанствениците на високи брани. Нормално и да се пропагира до населението да не ги фрла отпадоците во веќе исчистените канали.

Задолжително користење и постапување по оперативните планови за заштита и одбрана од поплави, што ги имаат донесено за дејствување во вакви состојби.

Инаку, покрај директор на Центар за управување со кризи, градоначалниците на општините Радовиш и Конче, управителот на ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш, на седницата зедоа учество и членовите на Ргионалниот штаб: директорот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш, СВР Струмица ОВР Радовиш, ЕЛС Радовиш, ЕЛС Конче, МЗШВ ПЕ Радовиш, Републички инспектор за патишта, ОО Црвен крст Радовиш, ЈП „Плаваја“ Радовиш, ТППЕ Радовиш, Македонски шуми ПШС „Плачковица“ Радовиш, и АД „Водостопанство“ подружница Радовиш.

Прочитај повеќе