Радовиш
Одржана Конститутивната седница на Советот на Општина Радовиш, кој се новите советници?
Објавено на
Од
Media PressДенеска беше одржана Конститутивната седница на новиот Совет на Општина Радовиш со што 19-те советници избрани на Локалните избори, практично започнуваат со работа. Конститутивната седница која се одржа во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, ја започна претходниот претседател Викица Манолева, а за нов претседател на Советот беше избрана Моника Ристевска од мнозинскиот состав на ВМРО -ДПМНЕ со коалицијата.

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов во денешното обраќање кон советниците им порача да ги заборават партиските определби и да работат во интерес на граѓаните.

Верификационата комисија врз основа на доставените докумети го верифицира мандатот на сите 19 советници: Аница Бораниева Атанасова, Вучковски Дејан, Гавритов Страхил, Илиев Трајанова Александра, Илиев Игор , Конзулов Весна, Коцева Верица, Костадинов Илче, Кулашиќ Александар, Лукаров Јован, Николов Панче, Омер Енис, Почивалец Љупче, Ристевска Моника, Ристов Ванчо, Ристова Каролина, Сусинов Илија, Трајкова Христова Зорка и Цветановски Симона.
Советниците на денешната седница дадоа и свечена заклетва дека ќе работат во интерес на граѓаните, по што ја потпишаа свечената изјава.

На крајот на конститутивната седница беше донесена Предлог -одлука за именување на членови на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања, и Предлог- одлука за определување на членови на Советот кои учествуваат во постапката за склучување бракови.

Поврзани содржини

Јулија Тарабунова е новата претседателка на УЖ на ОК ВМРО- ДПМНЕ Радовиш

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација
Територијалната противпожарна единица од Радовиш добива 4-ри нови пожарникари

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната

ЗПОРК – Радовиш со известување до пензионерите
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

