Радовиш

Одржана Конститутивната седница на Советот на Општина Радовиш, кој се новите советници?

Денеска беше одржана Конститутивната седница на новиот Совет на Општина Радовиш со што 19-те советници избрани на Локалните избори, практично започнуваат со работа. Конститутивната седница која се одржа во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, ја започна претходниот претседател Викица Манолева, а за нов претседател на Советот беше избрана Моника Ристевска од мнозинскиот состав на ВМРО -ДПМНЕ со коалицијата.

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов во денешното обраќање кон советниците им порача да ги заборават партиските определби и да работат во интерес на граѓаните.

Верификационата комисија врз основа на доставените докумети го верифицира мандатот на сите 19 советници: Аница Бораниева Атанасова, Вучковски Дејан, Гавритов Страхил, Илиев Трајанова Александра, Илиев Игор , Конзулов Весна,  Коцева Верица, Костадинов Илче, Кулашиќ Александар, Лукаров Јован, Николов Панче, Омер Енис, Почивалец Љупче, Ристевска Моника, Ристов Ванчо, Ристова Каролина, Сусинов Илија, Трајкова Христова Зорка и Цветановски Симона.     

Советниците на денешната седница дадоа и свечена заклетва дека ќе работат во интерес на граѓаните, по што ја потпишаа свечената изјава.

На крајот на  конститутивната седница беше донесена Предлог -одлука за именување на членови на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања, и Предлог- одлука  за определување на членови на Советот кои учествуваат во постапката за склучување бракови.  

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago