-Нови Фабрики, нови работни места во Радовиш и поголеми плати за младите да не се иселуваат. Сообраќајно уредување и обезбедување на паркинг простор со зонско паркирање во центарот на градот.
-Изградба на стариот Градски пазар и изградба на нов базен, беа топ приоритети кои ги спомнаа граѓаните во спроведената онлајн анкета на телевизија Кобра.
Граѓаните упатија околу стотина предлози одговарајќи на прашањето: Кои се според вас Топ -приоритети кои му се потребни на Радовиш и кои треба да бидат решени во новиот мандат?
Помеѓу предлозите и барањата кои ги наведоа граѓаните како најчесто споменувани беа и рестартирање на старата Стоковна куќа и на Голдмак, отварање на шалтер на ЕВН, да се воведе ред во изградбата на дивоградби над полигонот кон планината Плачковица, изградба на пешачка патека и уредување на речното корито на Радовишка река, решавање на проблемот со канализацијата на улицата Илија Алексов, голем Градски парк, изградба на Старечки дом и други барања.
Голем број од барањата се однесуваа и на
проблемите во наслените места пред се за изградба на канализација и асфалтирање на улици.
Целта на оваа анкета беше
граѓаните да ја испратат пораката до новото општинско раководство, новиот
градоначалник Ацо Ристов и Советот, за потребите кои ги чувствуваат и на што да
се даде акцент во четиргодишното владеење. Граѓаните очекуваат подобар и
помодерен Радовиш и подобри услови за живот во населните места, како што беше
ветувано во кампањата.