Connect with us

Радовиш

Нови Фабрики и нови работни места во Радовиш се само дел од Топ -приоритетите кои ги предложија граѓаните а кои ги очекуваат од новата локална власт

Media Press

Published

на

-Нови Фабрики, нови работни места во Радовиш и поголеми плати за младите да не се иселуваат. Сообраќајно уредување и обезбедување на паркинг простор со зонско паркирање во центарот на градот.

-Изградба на стариот Градски пазар и изградба на нов базен, беа топ приоритети кои ги спомнаа граѓаните во спроведената онлајн анкета на телевизија Кобра.

 Граѓаните упатија околу стотина предлози одговарајќи на прашањето: Кои се според вас Топ -приоритети кои му се потребни на Радовиш и кои треба да бидат решени во новиот мандат?

Помеѓу предлозите и барањата кои ги наведоа граѓаните како најчесто споменувани беа и рестартирање на старата Стоковна куќа и на Голдмак, отварање на шалтер на ЕВН, да се воведе ред во изградбата на дивоградби над полигонот кон планината Плачковица,  изградба на пешачка патека  и уредување на речното корито на Радовишка река, решавање на проблемот со канализацијата на улицата Илија Алексов, голем Градски парк, изградба на Старечки дом и други барања.

 Голем број од барањата се однесуваа и на проблемите во наслените места пред се за изградба на канализација и  асфалтирање на улици.  

Целта на оваа анкета беше граѓаните да ја испратат пораката до новото општинско раководство, новиот градоначалник Ацо Ристов и Советот, за потребите кои ги чувствуваат и на што да се даде акцент во четиргодишното владеење. Граѓаните очекуваат подобар и помодерен Радовиш и подобри услови за живот во населните места, како што беше ветувано  во кампањата.  

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица во тек е реализација на проект за спроведување на мерки за енергетска ефикасност

Media Press

Published

на

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов денеска  беше во посета на општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ во Ораовица каде во тек е реализацијата на проектот за спроведување на мерки за енергетска ефикасност согласно програмата за аерозагадување.

Со цел за енергетска ефикасност и заштеда на енергија ке биде заменета постоечката алуминиумска столаријата со ПВЦ. Исто така во ова училиште целосно беше реконструиран и спортскиот терен.

Прочитај повеќе

Радовиш

Дали општинските згради за нова година ќе останат без струја, градоначалникот Ацо Ристов бара решение од надлежните институции

Media Press

Published

на

Дали зградата на  Локалната самоуправа на Општина Радовиш за нова година ќе остане без струја, како и и јавните образовни институции и уличното осветлување во градот, поради актуелната енергетска криза, или ќе има измени во постапката за набавка на струја, беше проблем кој го спомна градоначалникот Ацо Ристов на одржаниот регионален состанок на ЦУК, кој вчера се одржа во Радовиш и на кој беше присутен и директорот Стојанче Ангелов.

Со овој проблем како што спомна Ристов освен Радовиш се соочуваат и останатите општини и тој побара брза интервенција на Владата со уредба да се смени регулативата за набавка на електрична енергкија и од слободен да се префрлат на регулиран пазар за купување на струја.

Прочитај повеќе

Радовиш

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на работна средба со институциите за безбедноста на граѓаните за општините Радовиш и Конче

Media Press

Published

на

Работна седница на Регионалниот штаб на РЦУК Радовиш во проширен состав, со активно присусто на новите градочалници на општините Радовиш, Ацо Ристов и на Конче, Златко Ристов, се одржа во просториите на општина Радовиш- сала за совет, под раководство на Стојанче Ангелов, диркторот на Центарот за управување со кризи (ЦУК). По воведодот на рководителот на РЦУК Радовиш, Драги Стојанов согласно дневниот ред, се разви обемна и конструктивна дискусија за подготвеност на субјектите за претстојниот зимски период.
Притоа, имаше размена на идеи предлози, законски надлежности на институциите на подрачјето на општините Радовиш и Конче во интерес на безбедноста и сигурноста на граѓаните.


На работната средба учествуваа и раковидители на Секторот за операции и координација (СОК) од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и сите субјекти од Системот за управување со кризи од општините Радовиш и Конче.
Беа донесени заклучоци што претставуваат идна патека за работа во контекст со локалниот менаџмент на кризи во координација со националните правци, со стратешка определба за реално техничко и командно зајакнување, како што посочи Ангелов, а како што градоначалниците потврдија, во контекст на намалување и анулирње на невољите при кризни состојби, како локални, така и регионални. Конкретно, беа донесени глобални заклучоци, кои ќе се практикуваат и локално адаптирани на можните кризни предизвици:

Интензивирање и продолжување на соработката и комуникацијата со субјектите во системот на локално ниво, заради навремено информирање за сите појави и настстани што можат да предизвикаат несакани последици и опасности од поплави, одрони на земја, лизгање на терени, прекини во патниот сообраќај, студено време , наноси од снег и други карактеристични појави за периодот што следува.

Задолжително следење на комуналните претпријатија и водостопанските субјекти на водостоите на реките и речните корита, постојана комуникација и координација со стопанствениците на високи брани. Нормално и да се пропагира до населението да не ги фрла отпадоците во веќе исчистените канали.

Задолжително користење и постапување по оперативните планови за заштита и одбрана од поплави, што ги имаат донесено за дејствување во вакви состојби.

Инаку, покрај директор на Центар за управување со кризи, градоначалниците на општините Радовиш и Конче, управителот на ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш, на седницата зедоа учество и членовите на Ргионалниот штаб: директорот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш, СВР Струмица ОВР Радовиш, ЕЛС Радовиш, ЕЛС Конче, МЗШВ ПЕ Радовиш, Републички инспектор за патишта, ОО Црвен крст Радовиш, ЈП „Плаваја“ Радовиш, ТППЕ Радовиш, Македонски шуми ПШС „Плачковица“ Радовиш, и АД „Водостопанство“ подружница Радовиш.

Прочитај повеќе