Проект „Да им читаме од најрана возраст“ реализиран во библиотеката во Радовиш по повод Месецот на книгата
По повод Месецот на книгата во Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“од Радовиш беа организирани повеќе активности, во рамките на Проектот со наслов „Да им читаме од најрана возраст“ поддржан од Министерството за култура.Одбележувањето започна со промоција на сликовниците „Стефан во магичниот град“ и Стефан на прошетка со Ками во Египет“ од авторката Александра Велинова.
Исто така беше
органзирана и креативна работилница со Никола Темков заедно со дечињата од прво
и второ одделение од основните училишта од Радовиш.
Никола Темков им покажа на најмалите
како ислустраторот
го оживува зборот на авторот и ја пренесува
пораката
по визуелен
пат. Во една весела и пријатна
атмосфера
на учениците им го откри патот на настанувањето
на една сликовница.
Проектот „Да им читаме од најрана возраст“ настана од љубовта на библиотекарите кон литературата за деца до 7 години и онаа која ги поттикнува навиките за читање, го мотивира одењето во библиотека, создава семејни ритуали на читање и отвара нови врати за мечтаење. Тоа се сликовниците со кои децата започнуваат да се дружат од најмала возраст и се голем пријател на децата“, вели директорка на библиотеката “Браќа Миладиновци” во Радовиш, Иванка Соколова.
Таа ги додели и наградите за најдобрите творби и благодарници за учество на учениците и нивните ментори во наградниот конкурс, кој Библиотеката го распишува за учениците од основните училишта од општина Радовиш. Исто така беше отворена и изложба на талентираната 15 – годишна ученичка Ангела Јнакулова од Радовиш.