Македонија

Николовски: Општините рационално да ги користат парите, службените возила да не се користат за приватни цели

Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, ги повикува сите новоизбрани градоначалници да го следат примерот на Владата за донесување на одлуки за регулирање на начинот на користење на службените возила и трошоците за угостителски услуги за работни состаноци. Локалните единици тоа може да го сторат, преку општинските совети со донесување на посебни акти со кои ќе се ограничат средтсвата за репрезентација на градоначлниците и користење на службените возила, се нагласува во соопштението од неговиот кабинет.

На предлог на кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски, годинава се имаат донесено две одлуки кои се однесуваат на ограничување на користењето на службените возила и на службените трошоци за угостителски услуги за работни состаноци. Овие одлуки се во насока на рационално и транспарентно користење на буџетските средства, се додава во соопштението.

Од кабинетот на Николовски потсетуваат дека веќе се применува одлуката за регулирање на користењето на службените возила. Секое користење на службените возила за вработените претходно според точно утврдена процедура се одобрува. Целта, како што велат е оправдано, наменско, рационално користење на службените возила, односно да не се користат возилата за приватни цели.

„Исто така функционерите ја применуваат и почитуваат одлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски услуги во угосителски објекти во државата при одржување на работни состаноци. Функционерите имаат точно определни износи кои смеат да ги искористат за угостителски услуги за работни состаноци, според точно утврдени критериуми“, се истакнува во писмениот допис од кабинетот на Николовски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago