Connect with us

Конче

Златко Ристов денеска и официјално ја презеде должноста градоначалник на Општина Конче

Media Press

Published

на

Општинската изборна комисија во Конче денеска официјално го врачи уверението на Златко Ристов, за назначување и превземање на функцијата Градоначалник на Општина Конче.

Златко Ристов како нов градоначалник на Општина Конче доаѓа на местото на досегашниот градоначалник Благој Илиев. На одржаните локални избори Ристов со освоени 1083 гласа односно со разлика од 23 гласа во однос на својот противкандидат, успеа да дојде на функцијата градоначалник на Општина Конче, кој ќе ја води општината во наредните 4 години.

Ристов најави дека веднаш ќе се зафати со решавање на проблемите на граѓаните и реализација на порграмата.

Конче

Во тек е проектот за реконструкција на потисен цевковод за подобрување на водоснабдувањето во Габревци, општина Конче

Media Press

Published

на

Општина Конче започна со работни активности на проект ,,реконструкција на потисен цевковод” од локација на бушотина до резервоар за водоснабдување во село Габревци. Ова е еден од проектите за кои градоначалникот Златко Ристов рече дека тековно се работи и со кој ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во село Габревци.

Прочитај повеќе

Конче

Конечно решен проблемот со водоснабдувањето во село Дедино, Општина Конче

Media Press

Published

на

„Конечно прашањето со водоснабдување за с.Дедино решено преку обезбедување на електромотор за потопна пумпа. За ова прашање во иднина ќе обезбедиме резервна потопна пумпа за непречено снабдување со вода“, вели градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов. 

Инаку проблемот со водоснабдувањето во село Дедино настана пред околу дваестина денови поради дефект на потопната пумпа.

Градоначалникот Ристов им се извинува на жителите во Дедино за проблемот кој се провлече со денови, но вели дека за во иднина нема да дозволи вакви „ситни“ работи да го нарушуваат секојдневното функционирање на локалното население. Инаку како што вели градоначалникот Ристов, решавањето на поблемот кој го затече се оддолжи и поради формалното преземање на функцијата и согледување на реалната ситуација на терен како и решавање на истиот.

Прочитај повеќе

Конче

Поднесени 23 приговори до ДИК, еден и од избирачко место во Општина Конче

Media Press

Published

на

Заклучно со вчерашниот ден, до Државната изборна комисија поднесени се вкупно 23 приговори за постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите.

Седум приговори се поднесени од политичката партија ТМРО, кои се однесуваат на избирачки места во општина Старо Нагоричане.

Од СДСМ поднеле седум приговори, а се однесуваат на избирачки места во општина Конче, општина Шуто Оризари, во општина Кочани и во општина Чешиново-Облешево.

Еден приговор е поднесен од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој се однесува на избирачко место во општина Пробиштип.

ДУИ поднеле пет приговори за избирачки места во општина Студеничани и во општина Желино. Три приговори се од Група кои се однесуваат на избирачки места во општина Брвеница.

Прочитај повеќе