Гевгелија
Граѓаните да ги исчистат оџаците, бидејќи неисчистените оџаци можат да предизвикаат пожар
Објавено на
Од
Media Press
TППЕ- Гевгелија апелира до физичките и правните лица, пред почетокот од грејната сезона да извршат чистење на оџаците, бидејќи неисчистените оџаци можат да предизвикаат пожар. Освен тоа, граѓаните да ја проверат исправноста на електричната инсталација и грејните тела кои ги користат во зимскиот период за затоплување.
– Минатата година, во текот на грејната сезона од ноември до април, во Гевгелија се регистрирани пожари во колективните и приватните станбени објекти кои беа предизвикани токму од неисчистени оџаци, информираше командирот на ТППЕ- Гевгелија, Игор Ризов.
Тој апелира до граѓаните на општина Гевгелија да си ја сфатат сериозно одговорноста што претставува и законска обврска за да не дојде до загрозување на безбедноста и до катастрофи од поголем размер. Но, и да се провери исправноста и на електричната инсталација и на електричните грејни тела кои се користат во зимскиот период за затоплување. Напоменувајќи дека во изминатиот период се забележани и пожари од заборавени полначи за телефони, како и полначи за батерии на технички апарати.
Поврзани содржини

Општина Василево со АПЕЛ до граѓаните да не палат оган на отворено

Состанок на Кризниот штаб во Општина Конче, по повод периодот со високи температури, упатен апел и до граѓаните

Започна сезоната на пролетно орање и чистење на обработливите површини, а со тоа и палење на нивите, ТППЕ Радовиш со засилени контроли

Доколку не морате попладнево не излегувајте од дома

Градоначалникот на Општина Конче со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти

Општина Радовиш со АПЕЛ за заштита од пожари на отворен простор
Гевгелија
Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
Гевгелија
МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници
Published
3 месеци agoна
август 19, 2026By
Media Press
Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.
Гевгелија
На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант
Published
3 месеци agoна
август 14, 2026By
Media Press
На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз.
Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

