Конче
Златко Ристов: Почнуваме со работа уште од првиот ден кога официјално ќе ја превземам функцијата градоначалник
Објавено на
Од
Media Press
-Мојата визија да ја направиме општина Конче достојно место за живеење ќе се потрудам заедно со сите вас да ја постигнеме, порача новоизбраниот градоначалник на Општина Конче Златко Ристов.
Тој додава дека во наредните четири години Општина Конче ќе биде сервис и поддршка на сите граѓани.
„Без разлика дали ме поддржаа мене или другите двајца кандидати, без разлика на нивната политичка, етничка или верската припадност. Вратата на општината ќе биде отворена за секој граѓанин кој има потреба или поддршка во изнаоѓање на заеднички решенија за проблемите од јавен интерес. Ќе бидам отворен за соработка со сите добронамерни луѓе и ќе ги поддржам сите иницијативи кои имаат намера да помогнат во развојот на општина Конче“, вели Ристов кој упатува благодарност до сите жители на општина Конче за поддршката.
„Дозволете ми искрено да Ви се заблагодарам за дадената поддршка на изборот за Градоначалник на општина Конче. За мене вашиот избор претставува голема чест, но и огромна обврска пред сите вас да ја реализирам предвидената програма со која настапив за време на изборниот процес.
Во оваа прилика сакам да се заблагодарам и на сите кои беа дел тимот и работевме заедно за време на изборниот процес и знам дека уште од сега не чека уште повеќе тимска работа за го постигнеме ветеното во програмата.
Сакам да упатам огромна благодарност до членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија – за нивната целосна поддршка и можност да бидам кандидат за градоначалник. Ви благодарам на довербата.
Сакам да се заблагодарам и на двајцата противкандидати со кои заедно учествуваме во изборниот процес и се надевам дека и понатаму ќе помагаат во градењето на демократијата и развојот на општина Конче, секој во своето поле на делување.
На крај сакам да искажам благодарност и на моето семејство, родните и пријателите кои имаа разбирање и ми дадоа целосна поддршка во изминатиот период.
Почнуваме со работа уште од самиот ден кога официјално ќе ја превземам функцијата градоначалник“, порача новоизбраниот градоначалник на Општина Конче Златко Ристов.
Поврзани содржини

Ловџија од Габревци, додека бил на лов на диви свињи, бил повреден со сачма од ловна пушка

Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации

Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против физичко и правно лице за фалсификување документи при продажба на дрва

ДЗС: Отстранети неексплодирани артилериски гранати во Општина Конче

Општина Конче реализира набавката на камион -кипер со дополнителна опрема за чистење на снег преку ,,Форум на заедницата”
Конче
Ловџија од Габревци, додека бил на лов на диви свињи, бил повреден со сачма од ловна пушка
Published
1 недела agoна
ноември 9, 2026By
Media Press
На 07.11.2026 година во 13:48 часот во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека кај нив за укажување на лекарска помош било донесено лицето С.М. од село Габревци, општина Конче, кој додека бил на лов во атар на село Габревци бил повреден со сачма од ловна пушка.
На 07.11.2026 година С.М., заедно со Р.Р., И.Р., З.Р., М.Р., С.С. и С.Р., сите од село Гавревци биле во лов на диви свињи, на место викано „Трска“ атар на с. Габревци, при што И.Р. со еден патрон испукал кон дива свиња, а од истрелот една сачма го погодила С.М. во пределот на стапалото. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од страна на увидна екипа од ОВР Радовиш бил извршен увид на местото. Од И.Р.(43) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Baikal M-155“ калибар 12 мм, ловна пушка „Ata Arms“ калибар 12 мм , дозвола за оружје, дневна дозвола за ловење и 6 патрони калибар 12 мм. Од С.С.(60) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Zastava М-80“ калибар 12мм и дозвола за оружје. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Конче
Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации
Published
1 месец agoна
октомври 15, 2026By
Media Press
Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации, на барање на граѓаните за одбор и рекреација.
„Деновиве започнавме со изградба на летниковци на две локации – едната во м.в. „Дабјата“, во атарот на село Лубница, а другата ќе биде лоцирана на раскрсницата во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“. Со изградбата на овие два летниковци се опфаќаат локации кои најмногу ги користат граѓаните, случајните минувачи и посетителите на Општина Конче“, истакна градоначалникот Златко Ристов.
Ристов вели дека овие летниковци се градат на барање на граѓаните, за да имаат каде да одморат во топлите летни денови. Општина Конче како што вели градоначалникот продолжува со создавање уредени и пријатни места за одмор и престој на своите граѓани и посетители.
Конче
Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција
Published
3 месеци agoна
август 17, 2026By
Media Press
На 15.08.2026 во 20:00 часот во село Горни Липовиќ, општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(50) од село Горни Липовиќ.
Според пријавеното, тој околу 17:20 часот во атар на село Горни Липовиќ држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција, кои преземале службени дејствија. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По целосно документирање на случајот против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

