Connect with us

Струмица

Костадинов: Зборот е збор. Градежната офанзива во Струмица започнува

Media Press

Published

на

Новиот градоначалник на Општина Струмица Костадин Костадинов започна со реализација на градежните проекти.

„Зборот е збор. Градежната офанзива започнува со улицата „Ценка Павлова“, вели градоначалникот Костадинов кој заедно со своите соработници, беше на лице место да го види стартот, но и да ги охрабри и поттикне изведувачите за брзо и квалитетно асфалтирање на планираните улици.

Вкупно 8 улици се опфатени во овој прв дел од градежната офанзива со вкупна површина од 11.500 метри квадратни.

„Паралелно со изведувањето на овој градежен зафат, веќе се планираат и следните активности, како во градот така и во населените места“ информираат од општината.

Струмица

Приведен струмичанец, со метален предмет го нападнал и повредил неговиот чичко

Media Press

Published

на

Во текот на вчерашниот ден во 16.30 часот на ул.„Крушевска Република“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.Т.(29) од Струмица затоа што околу 15.45 часот во дворот од семејната куќа со метален предмет го нападнал и повредил неговиот чичко А.Т.(57).

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Во Струмица отворен првиот Регионален саем на социјални претпријатија од југоисточниот регион

Media Press

Published

на

Во Струмица вчера беше отворен првиот Регионален саем на социјални претпријатија од југоисточниот регион во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, заедно со Канцеларијата на регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија од Скопје, а во рамките на проектот „Поддршка социјални претпријатија“ поддржан од Европската Унија.

Саемот се одржа во фоајето на НУЦК „Антон Панов“, а беа презентирани потенцијалите на дваесетина потенцијални социјални претпријатија и невладини организации кои имаат економска социјална активност.

Градоначалникот Костадин Костадинов ги поздрави учесниците на саемот и рече дека тој е една многу важна регионална иницијатива која ќе донесе позитивни социо-економски промени во областа на социјалната инклузија и општествено одржливиот развој.

„Овој прв регионален саем за социјално претприемништво во Југоисточниот плански регион, воедно претставува модел на имплементирање на еден поинаков и поактивен пристап на обезбедување поддршка на локални заедници и луѓе од ранливи категории, со цел да бидат поинтегрирани во општеството и да ги развијат своите претприемачки способности за да можат да се ослободат од системот на користење на социјална заштита.

Оваа локална иницијатива произлезе благодарение на поддршката од проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ кој што е финансиран од Европската Унија. Навистина сум многу среќен што се финализира и се усвои Стратегијата за социјално претприемништво. Тоа значи дека веќе го имаме првиот правен документ во нашата земја, којшто заедно и со Акцицискиот план за развој на социјалното претприемништво во Македонија ќе се стреми кон усвојување на Законот за Социјално претприемништво, кој што ќе даде дополнителна тежина кон препознавање, видливост и финансиска поддршка на социјалните претпријатија.

Во нашиот регион постојат иницијативи за социјални претпријатија кои што имаат силна социјална мисија и ги промовираат нивните високо-квалитетни услуги и производи, истовремено обезбедувајќи одржливо решение за ранливите категории на луѓе“, рече Костадинов.

 

Прочитај повеќе

Струмица

Организацијата на жени од Струмица, одржа презентација на клучните приоритети на жените

Media Press

Published

на

Во рамките на кампањата 16 дена Ативизам против родово базирано насилство, а во организација на Организацијата на жени од Струмица, се одржа презентација на клучните приоритети на жените од три заедници, населените места Добрејци и Дабиле и 6-урбана заедница во градот.

Градоначалникот Костадин Костадинов ги поздрави учесниците на презентацијата потенцирајќи дека Струмица е и останува родова сензитивна Општина.

„Овој проект е уште една потврда за добрите практики и политики на нашата Општина и поддршката што ја даваме на невладиниот сектор. Овде и сега го гледам резултатот од враќањето на Јавните собири во урбаните и месните заедници и Форумите во заедницата – Буџетски форум 2021/2022 година. Партиципативното учество на граѓаните во креирањето на буџетот и подигање на повисоко ниво на транспарентноста и отчетноста на Општината ќе бидат мои приоритети во овој мандат. Ме радува што денеска разговараме за утврдените потреби и приоритети на жените во нивните места на живеење, а евидентирани од Организацијата на жените од Струмица која работи на јакнење на капацитетите на жените и идентификување на нивните проблеми. Да се слушнат потребите на жените е од суштинско значење бидејќи сеуште превладуваат стереотипите дека улогата на жената е во домот, во грижата на децата и старите лица. Време е да ставиме крај на тие стереотипи и мислам дека заедно сме на добар пат“, рече градоначалникот Костадинов.

Потврдувајќи ја својата поддршка на сите активности, Костадинов најави дека во неговиот градоначалнички мандат ќе работи за рамноправна застапеност на жените во раководните структурии во општинските институции 50-50, развој на женското претприемништво и формирање на здружение на бизнис жени.

Прочитај повеќе