Connect with us

Конче

Златко Ристов: Почнуваме со работа уште од првиот ден кога официјално ќе ја превземам функцијата градоначалник

Media Press

Published

на

-Мојата визија да ја направиме општина Конче достојно место за живеење ќе се потрудам заедно со сите вас да ја постигнеме, порача новоизбраниот градоначалник на Општина Конче Златко Ристов.

Тој додава дека во наредните четири години Општина Конче ќе биде сервис и поддршка на сите граѓани.

„Без разлика дали ме поддржаа мене или другите двајца кандидати, без разлика на нивната политичка, етничка или верската припадност. Вратата на општината ќе биде отворена за секој граѓанин кој има потреба или поддршка во изнаоѓање на заеднички решенија за проблемите од јавен интерес. Ќе бидам отворен за соработка со сите добронамерни луѓе и ќе ги поддржам сите иницијативи кои имаат намера да помогнат во развојот на општина Конче“, вели Ристов кој упатува благодарност до сите  жители на општина Конче за поддршката.

„Дозволете ми искрено да Ви се заблагодарам за дадената поддршка на изборот за Градоначалник на општина Конче. За мене вашиот избор претставува голема чест, но и огромна обврска пред сите вас да ја реализирам предвидената програма со која настапив за време на изборниот процес.

Во оваа прилика сакам да се заблагодарам и на сите кои беа дел тимот и работевме заедно за време на изборниот процес и знам дека уште од сега не чека уште повеќе тимска работа за го постигнеме ветеното во програмата.

Сакам да упатам огромна благодарност до членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија – за нивната целосна поддршка и можност да бидам кандидат за градоначалник. Ви благодарам на довербата.

Сакам да се заблагодарам и на двајцата противкандидати со кои заедно учествуваме во изборниот процес и се надевам дека и понатаму ќе помагаат во градењето на демократијата и развојот на општина Конче, секој во своето поле на делување.

На крај сакам да искажам благодарност и на моето семејство, родните и пријателите кои имаа разбирање и ми дадоа целосна поддршка во изминатиот период.

Почнуваме со работа уште од самиот ден кога официјално ќе ја превземам функцијата градоначалник“, порача новоизбраниот градоначалник на Општина Конче Златко Ристов.

Конче

Во тек е проектот за реконструкција на потисен цевковод за подобрување на водоснабдувањето во Габревци, општина Конче

Media Press

Published

на

Општина Конче започна со работни активности на проект ,,реконструкција на потисен цевковод” од локација на бушотина до резервоар за водоснабдување во село Габревци. Ова е еден од проектите за кои градоначалникот Златко Ристов рече дека тековно се работи и со кој ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во село Габревци.

Прочитај повеќе

Конче

Конечно решен проблемот со водоснабдувањето во село Дедино, Општина Конче

Media Press

Published

на

„Конечно прашањето со водоснабдување за с.Дедино решено преку обезбедување на електромотор за потопна пумпа. За ова прашање во иднина ќе обезбедиме резервна потопна пумпа за непречено снабдување со вода“, вели градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов. 

Инаку проблемот со водоснабдувањето во село Дедино настана пред околу дваестина денови поради дефект на потопната пумпа.

Градоначалникот Ристов им се извинува на жителите во Дедино за проблемот кој се провлече со денови, но вели дека за во иднина нема да дозволи вакви „ситни“ работи да го нарушуваат секојдневното функционирање на локалното население. Инаку како што вели градоначалникот Ристов, решавањето на поблемот кој го затече се оддолжи и поради формалното преземање на функцијата и согледување на реалната ситуација на терен како и решавање на истиот.

Прочитај повеќе

Конче

Златко Ристов денеска и официјално ја презеде должноста градоначалник на Општина Конче

Media Press

Published

на

Општинската изборна комисија во Конче денеска официјално го врачи уверението на Златко Ристов, за назначување и превземање на функцијата Градоначалник на Општина Конче.

Златко Ристов како нов градоначалник на Општина Конче доаѓа на местото на досегашниот градоначалник Благој Илиев. На одржаните локални избори Ристов со освоени 1083 гласа односно со разлика од 23 гласа во однос на својот противкандидат, успеа да дојде на функцијата градоначалник на Општина Конче, кој ќе ја води општината во наредните 4 години.

Ристов најави дека веднаш ќе се зафати со решавање на проблемите на граѓаните и реализација на порграмата.

Прочитај повеќе