Радовиш
Високо ниво на загаденост на воздухот во Радовиш покажуваат податоците од мерните станици
Објавено на
Од
Media Press
Високо ниво на загаденост на воздухот во Радовиш покажуваат податоците од мерните станици, со кој од месец септември можат граѓаните да проверат каков воздух дишат.
Количините на јаглерод моноксид во Радовиш е во црвена зона, денеска во 10 ч е измерена концентрација од 107.11 mg/m³.
Додека количината на Азот Диоскид е 304,56 и е во категорија нездраво.

Од септември и радовишани можат да проверат каков воздух дишат. Инсталирани се две мерни станици за собирање на податоци за квалитетот на воздухот, температурата и други метеоролошки податоци во градот.
Со овој проект се овозможува граѓаните и институциите да имаат целосен и точен преглед на загадувањето на воздухот и други параметри кои влијаат на животната средина и квалитетот на живеење.

Линк за преглед на квалитетот на воздухот во Општина Радовиш: https://www.ekodata.live/?page=radovis&module=cards
Поврзани содржини

Струмица утрово има позагаден воздух и од Скопје, со индекс на загадување од 189

ДИК објави, досега никој од кандидатите за претседател ги нема собрано потребните 10 илјади потписи од граѓаните

Просечната нето-плата во септември 2020 година изнесува 27 405 денари.

СДСМ: просечната плата порасна за над 4.000 денари за само три години

Последните податоци од ИЈЗ покажуваат дека трендот на помал број заразени и починати продолжува

Континуирано опаѓање на просечната плата во Македонија
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

