Connect with us

Василево

Славе Андонов: Ветувањата остануваат а партиските интереси се ставаат настрана

Media Press

Published

на

Моите сограѓани ми дадоа обврска којашто лично ја превземам за да го исправам Василево пред предизвиците кои доаѓаат пред нас. Тоа се рамноправност, грижа, поддршка за секој еден граѓанин на оваа наша општина“, вели новиот градоначалник на Општина Василево Славе Андонов кој изразува благодарнаст до граѓаните за поддршката.

„Сакам да се заблагодарам на граѓаните на Василево за искажаната доверба кон мене, ветувањата остануваат а партиските интереси се ставаат настрана и очекувам со советниците да работиме заедно на уште подобро Василево. Ќе бидам Градоначалник за СИТЕ, вратите на општината ќе бидат отворени за сите, во секое време!“, вели Андонов.

прикажи повеќе
Advertisement

Василево

Општина Василево во пресрет на зимскиот период врши чистење на отворените канали

Media Press

Published

на

Општина Василево во пресрет на зимскиот период врши чистење на отворените канали кои се потенцијален ризик за поплави. Исчистен е отворениот канал во населеното место Градашорци, од каде со механизација се отстранети околу 60 м3 наносен материјал, главно тиња, кал и вегетација информираат од Општина Василево, каде овие денови се спроведуваат работни активности главно на чистење на каналите и атмосверската канализација.

 „Исчистен е целиот канал, во должина од околу 250 метри со што се нормализира неговата функационалност односно целосно е подготвен за прифаќање на атмосферските води кои природно, во периодот кој следува, ќе бидат во пораст“, вели градоначалникот Славе Андонов.

Прочитај повеќе

Василево

Ќе се проширува мрежата на атмосферската канализација во Василево

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Василево Славе Андонов започна со решавање секојдневните проблеми на граѓаните во општината за кои како што вели, ќе се решаваат во најкраток можен рок

Овие денови се работи на проширување на мрежата на атмосферска канализација во населеното место Василево.

Со механизација и рачно , вршен е ископ на канал и поставување на цевки и шахта за прибирање и канализирање на атмосферските води, кои во случај на врнежи завршуваат во дворовите и предизвикуваат штета на околните домаќинства и улицата која ги поврзува.

Исто така деновиве се чистеше отворениот атмосферски канал во населеното место Ангелци. Како што вели градоначалникот Андонов активноста се изведува на потегот кај селските гробишта во должина од околу стотина метри. Со механизација и рачно се отстранува наносот од тиња, кал и вегетација со што практично му се враќа функционалноста на атмосверскиот канал.

Прочитај повеќе

Василево

Новиот градоначалник на Општина Василево ја презеде функција и започна со работа

Media Press

Published

на

Новиот градоначалник на Општина Василево Славе Андонов кој пред два дена ја презеде и официјално функцијата од досегашниот градоначалник Марјан Јанев, ветува посветена работа и решавање на клучните проблеми во општината, заедно со новоизбраниот Совет.

„Се обврзуваме на посветена работа и реализација на клучните проекти за општината подржани од сите нас, ќе ја исполниме целта за подобро место за живеење на сите жители на општина Василево. Ќе бидеме секогаш меѓу граѓаните на општина Василево. Во општина Василево доаѓа новата иднина !“, вели Андонов

Во текот на вчерашниот ден се чистеше ѓубрето во непосредна близина на детската градинка „Прва радост“ во Василево. Поправена е и влезната врата од дворот во детската градинка, навидум мали работи но доста значајни за секојдневното живеење.

“Грижата за заедницата и за општото добро останува високо на агендата на општина Василево, чистата животна средина ќе биде наше секојдневие“, вели Андонов.

Прочитај повеќе