Connect with us

Радовиш

Ацо Ристов: Благодарам за поддршката, од Понеделник започнуваме со оперативна работа

Media Press

Published

на

Идниот градоначалник на Општина Радовиш Ацо Ристов, се заблагодари на граѓаните на Општина Радовиш за поддршката и им вети уште еднаш модерен и просперитетен Радовиш.

„Почитувани сограѓани, драги радовишани !

Дозволете ми од мое лично име да упатам огромна благодарност до сите граѓани кои беа дел од овие локални избори во општина Радовиш.Голема благодарност до сите граѓани со кои се сретнавме во изминатиот период, до сите граѓани кои внимателно слушаа што ветувавме од нашата програма и што ќе реализираме во нашиот мандат.Сакам да упатам огромна благодарност до членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија – за нивната целосна поддршка и макотрпна работа во текот на целата кампања.Благодарам на моето семејство, на моите пријатели и на мојот тим за несебичната поддршка за целиот период на кампањата.Почитувани !

Ви ветувам дека чесно, посветено и со многу труд, сите заедно ќе чекориме кон модерен, безбеден и просперитетен Радовиш.Ви ветувам дека одговорно и мотивирано ќе застанам во служба на Вашите барања, проблеми и интереси. Предизвикот да се биде Градоначалник е огромен.Како главен мотив за моето ангажирање во локалната самоуправа беше желбата за докажување дека со чесен, трудољубив и посветен пристап кон работата – може да се дојде до успех.Дека политиката може да биде и поинаква од тоа што сме навикнати вообичаено да го гледаме како нејзин производ, и дека најголемите промени во општеството се случуваат токму на локално ниво, каде граѓаните чувствуваат потреба од реализација на одредени проекти.Ќе работиме единствено во интерес на граѓаните, бидејќи знаеме дека она што најмногу ги засега граѓаните е нивното секојдневие и нивното опкружување.

Големата и недвосмислена поддршка ме прави горд, но истовремено носи и огромна одговорност и обврска.За исполнување на мојата визија и мисија ќе барам средби, дијалози и обединување бидејќи, реално повеќе години луѓето во нашата општина се поделени по разни прашања и основи.Време е да покажеме дека разликите во нашето делување треба да се однесуваат на различните политики за кои се залагаме, за решенија, за различни погледи кон нештата.Разликите не треба да нè делат – треба да нè обединуваат.Радовиш е град на сите граѓани. Секое место, секој граѓанин заслужува почит.Нашите различности ќе ги сплотиме како заедничко богатство и предност.Јас сум подготвен да прифатам секакви сугестии, идеи и барања на добронамерни луѓе.Општината ќе биде отворена за сите.Драги пријатели !

Целта е поставена пред нас. Нашата цел е: развиен, напреден, добро уреден, посакуван и убав Радовиш.Свесни сме за препреките кои ќе ги имаме, но ќе бидеме одлучни за целта која е поставена пред нас и ќе бараме поддршка за заедничко постигнување на истата.Потребно е Радовиш да го ставиме на мапата на развиени европски градови, затоа што Радовишани тоа го заслужуваат.Мораме да почнеме да размислуваме 20-30 години во иднината.

Стратешките прашања за развој на општината се решаваат со визија, а не со дневна политика. Денес борбата за да имаш развиена општина се одвива на поинаков начин.Кога веќе имаме сопствена држава, најдобриот начин да бидеме локал-патриоти и да ја сакаме својата општина е да бидеме чесни, исполнителни и професионалци во својата работа.Изборите завршија. Од Понеделник започнуваме со оперативна работа“, рече Ристов во своето обраќање кон граѓаните.

Радовиш

Во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица во тек е реализација на проект за спроведување на мерки за енергетска ефикасност

Media Press

Published

на

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов денеска  беше во посета на општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ во Ораовица каде во тек е реализацијата на проектот за спроведување на мерки за енергетска ефикасност согласно програмата за аерозагадување.

Со цел за енергетска ефикасност и заштеда на енергија ке биде заменета постоечката алуминиумска столаријата со ПВЦ. Исто така во ова училиште целосно беше реконструиран и спортскиот терен.

Прочитај повеќе

Радовиш

Дали општинските згради за нова година ќе останат без струја, градоначалникот Ацо Ристов бара решение од надлежните институции

Media Press

Published

на

Дали зградата на  Локалната самоуправа на Општина Радовиш за нова година ќе остане без струја, како и и јавните образовни институции и уличното осветлување во градот, поради актуелната енергетска криза, или ќе има измени во постапката за набавка на струја, беше проблем кој го спомна градоначалникот Ацо Ристов на одржаниот регионален состанок на ЦУК, кој вчера се одржа во Радовиш и на кој беше присутен и директорот Стојанче Ангелов.

Со овој проблем како што спомна Ристов освен Радовиш се соочуваат и останатите општини и тој побара брза интервенција на Владата со уредба да се смени регулативата за набавка на електрична енергкија и од слободен да се префрлат на регулиран пазар за купување на струја.

Прочитај повеќе

Радовиш

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на работна средба со институциите за безбедноста на граѓаните за општините Радовиш и Конче

Media Press

Published

на

Работна седница на Регионалниот штаб на РЦУК Радовиш во проширен состав, со активно присусто на новите градочалници на општините Радовиш, Ацо Ристов и на Конче, Златко Ристов, се одржа во просториите на општина Радовиш- сала за совет, под раководство на Стојанче Ангелов, диркторот на Центарот за управување со кризи (ЦУК). По воведодот на рководителот на РЦУК Радовиш, Драги Стојанов согласно дневниот ред, се разви обемна и конструктивна дискусија за подготвеност на субјектите за претстојниот зимски период.
Притоа, имаше размена на идеи предлози, законски надлежности на институциите на подрачјето на општините Радовиш и Конче во интерес на безбедноста и сигурноста на граѓаните.


На работната средба учествуваа и раковидители на Секторот за операции и координација (СОК) од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и сите субјекти од Системот за управување со кризи од општините Радовиш и Конче.
Беа донесени заклучоци што претставуваат идна патека за работа во контекст со локалниот менаџмент на кризи во координација со националните правци, со стратешка определба за реално техничко и командно зајакнување, како што посочи Ангелов, а како што градоначалниците потврдија, во контекст на намалување и анулирње на невољите при кризни состојби, како локални, така и регионални. Конкретно, беа донесени глобални заклучоци, кои ќе се практикуваат и локално адаптирани на можните кризни предизвици:

Интензивирање и продолжување на соработката и комуникацијата со субјектите во системот на локално ниво, заради навремено информирање за сите појави и настстани што можат да предизвикаат несакани последици и опасности од поплави, одрони на земја, лизгање на терени, прекини во патниот сообраќај, студено време , наноси од снег и други карактеристични појави за периодот што следува.

Задолжително следење на комуналните претпријатија и водостопанските субјекти на водостоите на реките и речните корита, постојана комуникација и координација со стопанствениците на високи брани. Нормално и да се пропагира до населението да не ги фрла отпадоците во веќе исчистените канали.

Задолжително користење и постапување по оперативните планови за заштита и одбрана од поплави, што ги имаат донесено за дејствување во вакви состојби.

Инаку, покрај директор на Центар за управување со кризи, градоначалниците на општините Радовиш и Конче, управителот на ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш, на седницата зедоа учество и членовите на Ргионалниот штаб: директорот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш, СВР Струмица ОВР Радовиш, ЕЛС Радовиш, ЕЛС Конче, МЗШВ ПЕ Радовиш, Републички инспектор за патишта, ОО Црвен крст Радовиш, ЈП „Плаваја“ Радовиш, ТППЕ Радовиш, Македонски шуми ПШС „Плачковица“ Радовиш, и АД „Водостопанство“ подружница Радовиш.

Прочитај повеќе