Connect with us

Конче

Општина Конче добива нов градоначалник

Media Press

Published

на

Општина Конче добива нов градоначалник според последните податоци од ДИК.

Со разлика од 23 гласа Златко Ристов е новиот градоначалник на Општина Конче. Тој освои 1.083 гласа или 49,93% од гласачите кои излегле на гласање, додека за Благој Илиев гласале 1060 или 48,83%.

прикажи повеќе
Advertisement

Конче

Во тек е проектот за реконструкција на потисен цевковод за подобрување на водоснабдувањето во Габревци, општина Конче

Media Press

Published

на

Општина Конче започна со работни активности на проект ,,реконструкција на потисен цевковод” од локација на бушотина до резервоар за водоснабдување во село Габревци. Ова е еден од проектите за кои градоначалникот Златко Ристов рече дека тековно се работи и со кој ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во село Габревци.

Прочитај повеќе

Конче

Конечно решен проблемот со водоснабдувањето во село Дедино, Општина Конче

Media Press

Published

на

„Конечно прашањето со водоснабдување за с.Дедино решено преку обезбедување на електромотор за потопна пумпа. За ова прашање во иднина ќе обезбедиме резервна потопна пумпа за непречено снабдување со вода“, вели градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов. 

Инаку проблемот со водоснабдувањето во село Дедино настана пред околу дваестина денови поради дефект на потопната пумпа.

Градоначалникот Ристов им се извинува на жителите во Дедино за проблемот кој се провлече со денови, но вели дека за во иднина нема да дозволи вакви „ситни“ работи да го нарушуваат секојдневното функционирање на локалното население. Инаку како што вели градоначалникот Ристов, решавањето на поблемот кој го затече се оддолжи и поради формалното преземање на функцијата и согледување на реалната ситуација на терен како и решавање на истиот.

Прочитај повеќе

Конче

Златко Ристов денеска и официјално ја презеде должноста градоначалник на Општина Конче

Media Press

Published

на

Општинската изборна комисија во Конче денеска официјално го врачи уверението на Златко Ристов, за назначување и превземање на функцијата Градоначалник на Општина Конче.

Златко Ристов како нов градоначалник на Општина Конче доаѓа на местото на досегашниот градоначалник Благој Илиев. На одржаните локални избори Ристов со освоени 1083 гласа односно со разлика од 23 гласа во однос на својот противкандидат, успеа да дојде на функцијата градоначалник на Општина Конче, кој ќе ја води општината во наредните 4 години.

Ристов најави дека веднаш ќе се зафати со решавање на проблемите на граѓаните и реализација на порграмата.

Прочитај повеќе