Радовиш

Радовиш официјално го доби проектот вреден околу 10 милиони долари за јакнење на отпорноста на земјоделството кон климатски промени

Официјално одобрен Проектот за јакнење на отпорноста на земјоделството кон климатски промени во регионот на општина Радовиш преку подобрено наводнување и управување со земјиште и води.

„Станува збор за проект во висина од 9.991.000 долари кој e грант и поднесен за финансирање до Глобалниот Фонд за Адаптација кон климатски промени преку тесна соработка на Министерството за земјоделство, шумарство и Водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање. Целта е подобрување на отпорноста кон климатските промени во Радовишкиот регион  преку рехабилитација на системот за наводнување, подобрување на земјишната структура на земјоделските стопанства, примена на  подобрени земјоделски практики и осовременување и дигитализација на земјоделството.

Ова е првиот поднесен проект од Република Македонија до овој фонд и ќе биде и првиот реализиран проект кој значително ќе му помогне на Радовишкиот регион во подобрување на конкурентноста на земјоделското производство и зголемување на приходите на земјоделците“, рече Коле Чаракчиев кандидат за градоначалник на Радовиш од СДСМ, кој додаде дека истиот е предвиден во неговата програма и негова имплементација се очекува во текот на 2022.

Вкупниот проценет број на земјоделски стопанства директни корисници на овој проект е 1400 или просечно околу 6000 жители на општина Радовиш кои се занимаваат со земјоделска дејност.

Самиот проект опфаќа повеќе компоненти кои се инвестициски.

Компонента за подобрување на системот за наводнување, која опфаќа затворање на еден од главните канали на системот за наводнување за да се намалат техничките загуби и загубите од испарување кој покрива отпилика 140 хектари земјоделско земјиште, со оваа интервенција истовремено се очекува зголемување на достапноста на вода преку левиот канал и дополнителни количина на вода за струмичкиот дел од водниот слив.

Изградба на енергетски ефикасна пумпна станица како и целосна промена на постоечките хидранти како и делумна замена на хидромеханичката опрема на површина на целиот систем за наводнување.

Рехабилитација на заштитните структури на системот во близина на селото Ињево и подобрување на системот за мониторинг на потрошувачката на вода.

Втората компонента е за подобрување на структурата на земјоделското земјиште и производствените практики:

Имплементација на консолидација на земјоделско земјиште согласно Закон за консолидација преку подготвување на студии за оправданост, планови за распределба и регистрација на истите во катастарот на недвижности на преку 10 000 парцели земјоделско земјиште.

Подготвување на технички дизајн и изградба на потребна земјоделска инфрастуктура во рамки на проектите за консолидација како пристапни патишта.

Воспоставување на земјоделски практики за климатски одржливо земјоделско производство преку:

-пилотирање со обезбедување на опрема за воспоставување на капка по капка на 40 хектари.

-пилотирање на технологија за заштита од мраз и УВ заштита на 10 ха.

– набавка на земјоделски репроматеријали и обуки за диверсификација на земјоделското производство за околу 400 земјоделци или околу 150 хектари производство.

– Паралелна поддршка за органско производство и набавка на машини за мулчирање и нивно ставање на располагање на најмалку 30 земјоделски стопанства

Третата компонента опфаќа подобрување на пристап кон климатските и метереолошките податоци: Воспоставување на нови метереолошки станици поврзани со УХМР. Мапирање на почвата и дигитализација во земјдеолското производство.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago