Избори 2021
Радовиш официјално го доби проектот вреден околу 10 милиони долари за јакнење на отпорноста на земјоделството кон климатски промени
Published
2 години agoна
By
Media PressОфицијално одобрен Проектот за јакнење на отпорноста на земјоделството кон климатски промени во регионот на општина Радовиш преку подобрено наводнување и управување со земјиште и води.
„Станува збор за проект во висина од 9.991.000 долари кој e грант и поднесен за финансирање до Глобалниот Фонд за Адаптација кон климатски промени преку тесна соработка на Министерството за земјоделство, шумарство и Водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање. Целта е подобрување на отпорноста кон климатските промени во Радовишкиот регион преку рехабилитација на системот за наводнување, подобрување на земјишната структура на земјоделските стопанства, примена на подобрени земјоделски практики и осовременување и дигитализација на земјоделството.
Ова е првиот поднесен проект од Република Македонија до овој фонд и ќе биде и првиот реализиран проект кој значително ќе му помогне на Радовишкиот регион во подобрување на конкурентноста на земјоделското производство и зголемување на приходите на земјоделците“, рече Коле Чаракчиев кандидат за градоначалник на Радовиш од СДСМ, кој додаде дека истиот е предвиден во неговата програма и негова имплементација се очекува во текот на 2022.
Вкупниот проценет број на земјоделски стопанства директни корисници на овој проект е 1400 или просечно околу 6000 жители на општина Радовиш кои се занимаваат со земјоделска дејност.
Самиот проект опфаќа повеќе компоненти кои се инвестициски.
Компонента за подобрување на системот за наводнување, која опфаќа затворање на еден од главните канали на системот за наводнување за да се намалат техничките загуби и загубите од испарување кој покрива отпилика 140 хектари земјоделско земјиште, со оваа интервенција истовремено се очекува зголемување на достапноста на вода преку левиот канал и дополнителни количина на вода за струмичкиот дел од водниот слив.
Изградба на енергетски ефикасна пумпна станица како и целосна промена на постоечките хидранти како и делумна замена на хидромеханичката опрема на површина на целиот систем за наводнување.
Рехабилитација на заштитните структури на системот во близина на селото Ињево и подобрување на системот за мониторинг на потрошувачката на вода.
Втората компонента е за подобрување на структурата на земјоделското земјиште и производствените практики:
Имплементација на консолидација на земјоделско земјиште согласно Закон за консолидација преку подготвување на студии за оправданост, планови за распределба и регистрација на истите во катастарот на недвижности на преку 10 000 парцели земјоделско земјиште.
Подготвување на технички дизајн и изградба на потребна земјоделска инфрастуктура во рамки на проектите за консолидација како пристапни патишта.
Воспоставување на земјоделски практики за климатски одржливо земјоделско производство преку:
-пилотирање со обезбедување на опрема за воспоставување на капка по капка на 40 хектари.
-пилотирање на технологија за заштита од мраз и УВ заштита на 10 ха.
– набавка на земјоделски репроматеријали и обуки за диверсификација на земјоделското производство за околу 400 земјоделци или околу 150 хектари производство.
– Паралелна поддршка за органско производство и набавка на машини за мулчирање и нивно ставање на располагање на најмалку 30 земјоделски стопанства
Третата компонента опфаќа подобрување на пристап кон климатските и метереолошките податоци: Воспоставување на нови метереолошки станици поврзани со УХМР. Мапирање на почвата и дигитализација во земјдеолското производство.
Поврзани содржини
ООУ „Крсте Петков Мисирков“организира хуманитарен настан: Играме одбојка за инклузивна градина
ООУ „Никола Карев“ од Радовиш реализираше активност како дел од Проектот „ЈАКНЕЊЕ НА МУЛТИЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА ВО ОПШТИНИТЕ“
Општина Радовиш продолжува со активностите од проектот „ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА“
Општина Радовиш започна со активности за реализација на проектот ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА
Претставен концептот за развиена соработка меѓу полицијата и заедницата пред радовишани
Претставени резултатите од анализите за намалувањето на ризици од катастрофи во Општина Радовиш
Избори 2021
ДИК ги објави конечните резултати од вториот изборен круг
Published
2 години agoна
ноември 4, 2021By
Media PressДржавната изборна комисија на вчерашната седница го донесе заклучокот за известување за конечност на резултати од гласањето за Избор на градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје, по одржан втор изборен круг на ден 31.10.2021, за соодветните општини.
На гласањето во вториот изборен круг одржано на 31.10.2021 година се избрани градоначалници во следните општини:
Општина | Подносител на листа на кандидат за градоначалник | Име и презиме на избран градоначалник |
Арачиново | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Ридван Ибраими |
Битола | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Тони Коњановски |
Боговиње | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Бесник Емши |
Василево | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Славе Андонов |
Вевчани | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Спасе Кочовски |
Врапчиште | Коалиција алијанса за албанците и алтернатива | Исен Шабани |
Гевгелија | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Андон Сарамандов |
Гостивар | Коалиција алијанса за албанците и алтернатива | Арбен Таравари |
Дебрца | Група избирачи „Зоран Ногачески“ | Зоран Ногачески |
Демир Капија | Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ | Лазар Петров |
Демир Хисар | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Никола Најдовски |
Долнени | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Урим Ибески |
Зелениково | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Коста Маневски |
Карпош | Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ | Стевчо Јакимовски |
Кичево | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Фатмир Дехари |
Кратово | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Тодорче Николовски |
Куманово | Група избирачи „Максим Димитриевски“ | Максим Димитриевски |
Лозово | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Бошко Цветковски |
Македонска Каменица | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Димчо Атанасовски |
Македонски брод | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Жарко Ристески |
Ново Село | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Ѓорѓе Божинов |
Охрид | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Кирил Пецаков |
Пехчево | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Александар Китански |
Радовиш | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Ацо Ристов |
Ранковце | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Борче Спасовски |
Ресен | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Јован Тозиевски |
Росоман | Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ | Стојан Николов |
Струга | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Рамис Мерко |
Теарце | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Нухи Незири |
Тетово | Движење БЕСА | Биљал Касами |
Центар | Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ | Горан Герасимовски |
Чаир | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Висар Ганиу |
Чашка | Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ | Горан Стојановски |
Чучер Сандево | Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ | Сашко Комненовиќ |
Град Скопје | Група избирачи „Данела Арсовска“ | Данела Арсовска |
Избори 2021
ДИК ги објави првичните официјални резултати од вториот круг на Локалните избори
Published
2 години agoна
ноември 1, 2021By
Media PressСогласно објавените првични официјални податоци ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во вториот круг од Локалните избори освоија градоначалнички места во 20 општини од кои во 5 општини во Југоисточниот регион. ВМРО -ДПМНЕ однесе победа во Битола, Брвеница, Василево, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Пехчево, Охрид, Ранковце, Ресен, Чешиново-Облешево и Радовиш.
Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ освои градоначалнички места во седум општини – Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Чучер Сандево и Центар. Седум градоначалнички места во вториот круг освои и ДУИ и тоа во Арачиново, Боговиње, Долнени, Кичево, Струга, Теарце и Чаир.
Избори 2021
Зоран Заев поднесе оставка како лидер на СДСМ и премиер на државата
Published
2 години agoна
октомври 31, 2021By
Media PressПремиерот Зоран Заев на прес конференција по упатувањето честитки на опонентите за победата во Локалните Избори поднесе оставка од премиерската позиција на државата како и од претседателската функција во СДСМ.
„Ја преземам одговорноста на себе за ваквиот развој на политичките настани заклучно со резултатите на овие избори. Поднесувам оставка од премиер и од претседател на социјал демократскиот сојуз на Македонија.“ – изјави Заев на прес конференција