Христијан Мицкоски и Ацо Ристов – Кандидат за Градоначалник на Радовиш, на средба со граѓаните во 5-ти месен комитет
Лидерот на ВМРО
ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера беше во посета на Општина Радовиш, заедно
со кандидатот за градоначалник Ацо Ристов оствари средба со граѓаните во 5-ти месен комитет во Радовиш.
Кандидатот Ацо Ристов
рече дека за овој дел од градот има најмногу предвидени проекти во програмата. Тој
ги повика граѓаните за поддршка и на гласањето на 31 октомври за „Подобар и развиен
Радовиш“.
Потребни
сме ѝ на Македонија.
Ајде да се обединиме, рече Мицкоски кој се заблагодари на сите граѓани кои гласаа во првиот круг, за Ацо Ростов и за мнозинство во Советот.
„Да покажеме
дека промени се можни и дека тие зависат само од волјата на народот.
Вистинското решение за Радовиш е Ацо Ристов – Кандидат за Градоначалник на Радовиш. Им благодарам на сите граѓани кои во огромно мнозинство гласа во првиот круг, а неговото водство е сигурен сигнал дека имаме правилен избор. Во советот ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за “Обнова на Македонија” имаат најголем број на советнички места, што гарантира дека изборот на Ристов за градоначалник ќе значи лесна и конструктивна реализација на сите проекти. Ристов има план и визија за развој на Радовиш. Човекот кој е успешен во приватниот живот, сигурен сум дека од Радовиш ќе направи пример за успешна општина“, рече Мицкоски.