Connect with us

Избори 2021

Христијан Мицкоски и Ацо Ристов – Кандидат за Градоначалник на Радовиш, на средба со граѓаните во 5-ти месен комитет

Avatar

Published

на

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан  Мицкоски  вчера беше во посета на Општина Радовиш, заедно со кандидатот за градоначалник Ацо Ристов оствари средба со граѓаните во 5-ти месен комитет во Радовиш.   

Кандидатот Ацо Ристов рече дека за овој дел од градот има најмногу предвидени проекти во програмата. Тој ги повика граѓаните за поддршка и на гласањето на 31 октомври за „Подобар и развиен Радовиш“.

Потребни сме ѝ на Македонија. Ајде да се обединиме, рече Мицкоски кој се заблагодари на сите граѓани кои гласаа во првиот круг, за Ацо Ростов и за мнозинство во Советот.  

„Да покажеме дека промени се можни и дека тие зависат само од волјата на народот.

Вистинското решение за Радовиш е Ацо Ристов – Кандидат за Градоначалник на Радовиш. Им благодарам на сите граѓани кои во огромно мнозинство гласа во првиот круг, а неговото водство е сигурен сигнал дека имаме правилен избор. Во советот ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за “Обнова на Македонија” имаат најголем број на советнички места, што гарантира дека изборот на Ристов за градоначалник ќе значи лесна и конструктивна реализација на сите проекти. Ристов има план и визија за развој на Радовиш. Човекот кој е успешен во приватниот живот, сигурен сум дека од Радовиш ќе направи пример за успешна општина“, рече Мицкоски.

Избори 2021

ДИК ги објави конечните резултати од вториот изборен круг

Avatar

Published

на

Државната изборна комисија на вчерашната седница го донесе заклучокот за известување за конечност на резултати од гласањето за Избор на градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје, по одржан втор изборен круг на ден 31.10.2021, за соодветните општини.

На гласањето во вториот изборен круг одржано на 31.10.2021 година се избрани градоначалници во следните општини:

ОпштинаПодносител на листа на кандидат за градоначалникИме и презиме на избран градоначалник
АрачиновоДемократска унија за интеграција – ДУИРидван Ибраими
БитолаВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕТони Коњановски
Боговиње Демократска унија за интеграција – ДУИБесник Емши
Василево ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕСлаве Андонов
ВевчаниВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕСпасе Кочовски
ВрапчиштеКоалиција алијанса за албанците и алтернативаИсен Шабани
ГевгелијаВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕАндон Сарамандов
Гостивар Коалиција алијанса за албанците и алтернативаАрбен Таравари
ДебрцаГрупа избирачи „Зоран Ногачески“Зоран Ногачески
Демир КапијаКоалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМЛазар Петров
Демир ХисарВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕНикола Најдовски
Долнени Демократска унија за интеграција – ДУИУрим Ибески
ЗелениковоВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕКоста Маневски
КарпошГраѓанска опција за Македонија – ГРОМСтевчо Јакимовски
Кичево Демократска унија за интеграција – ДУИФатмир Дехари
Кратово ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕТодорче Николовски
КумановоГрупа избирачи „Максим Димитриевски“Максим Димитриевски
Лозово ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕБошко Цветковски
Македонска Каменица ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕДимчо Атанасовски
Македонски брод ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕЖарко Ристески
Ново Село ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕЃорѓе Божинов
Охрид ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕКирил Пецаков
Пехчево ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕАлександар Китански
Радовиш ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕАцо Ристов
Ранковце ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕБорче Спасовски
Ресен ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕЈован Тозиевски
Росоман Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМСтојан Николов
Струга Демократска унија за интеграција – ДУИРамис Мерко
Теарце Демократска унија за интеграција – ДУИНухи Незири
ТетовоДвижење БЕСАБиљал Касами
Центар Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМГоран Герасимовски
Чаир Демократска унија за интеграција – ДУИВисар Ганиу
Чашка Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМГоран Стојановски
Чучер Сандево Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМСашко Комненовиќ
Град СкопјеГрупа избирачи „Данела Арсовска“Данела Арсовска

Прочитај повеќе

Избори 2021

ДИК ги објави првичните официјални резултати од вториот круг на Локалните избори

Avatar

Published

на

Согласно објавените првични официјални податоци ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во вториот круг од Локалните избори освоија градоначалнички места во 20 општини од кои во 5 општини во Југоисточниот регион. ВМРО -ДПМНЕ однесе победа во Битола, Брвеница, Василево, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Пехчево, Охрид, Ранковце, Ресен, Чешиново-Облешево и Радовиш.

Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ освои градоначалнички места во седум општини – Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Чучер Сандево и Центар. Седум градоначалнички места во вториот круг освои и ДУИ и тоа во Арачиново, Боговиње, Долнени, Кичево, Струга, Теарце и Чаир.

Прочитај повеќе

Избори 2021

Зоран Заев поднесе оставка како лидер на СДСМ и премиер на државата

Avatar

Published

на

Премиерот Зоран Заев на прес конференција по упатувањето честитки на опонентите за победата во Локалните Избори поднесе оставка од премиерската позиција на државата како и од претседателската функција во СДСМ.

„Ја преземам одговорноста на себе за ваквиот развој на политичките настани заклучно со резултатите на овие избори. Поднесувам оставка од премиер и од претседател на социјал демократскиот сојуз на Македонија.“ – изјави Заев на прес конференција

Прочитај повеќе