Втор круг на локални избори ќе има во пет општини во Југоистокот
Во пет општини во Југоистокот ќе има втор круг на гласање кое ќе се одржи на 31 октомври.
Втор круг на локалните
избори ќе има во општина Радовиш.
Според обработените податоци на ДИК, засега Ацо Ристов од ВМРО-ДПМНЕ со
4.894 води пред останатите
тројца противкандидати. Тој ќе ја води битката во вториот
круг со Коле Чаракчиев кој засега има 3280 освоено гласови. Горан Поцев освои 2071 и Герасим Конзулов 1895
од вкупните гласачи.
Во Гевгелија во трка во вториот круг влегуваат Андон Сарамандов, кандидатото на ВМРО -ДПМНЕ со 6.064 гласа и актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат од СДСМ, Сашо Поцков со 4.465 освоени гласови. Виктор Петков од ЛДП и ДОМ освои 999 гласови, Глигор Петков независен кандидат 504 и Љупчо Кадиев од ИНТЕГРА 129 гласа.
Тесна ќе биде
трката во вториот круг помеѓу кандидатите за градоначалник на општина Василево.
Таму води Славе Андонов од ВМРО -ДПМНЕ со 3.090 гласови пред Марјан Јанев од СДСМ
кој освои 3.035.
Втор круг на
гласање ќе има и во Општина Конче. Актуелниот градоначалник води со 968 освоени
гласови пред Златко Ристов од ВМРО ДПМНЕ кој освои 859. Орхан Баров од ДПТ освои 172 гласови.
Уште една општина во југоистокот ќе има втор
круг за избор на градоначалник на локалните избори 2021. Ново Село не доби
градоначалник во првиот круг. За две седмици двајцата кандидати уште еднаш ќе
си ги одмерат силите. Звонко Ангелов од СДСМ и Ѓорге Божинов од ВМРО-ДПМНЕ
повторно ќе се тркаат за две седмици. Неофицијално, причина е
големиот број на неважечки ливчиња, околу 160. Вера
во Македонија се одржаа седмите по ред локални избори на кои според податоците кои сега стојат на располагање, вкупната излезенос била
48% односно гласале 848.104 граѓани од вкупно запишаните во избирачкиот список
1.824.864 гласачи, а податоците сеуште се обработуваат.
Гласањето во последните избирачки места според ДИК завршило во 21:55 часот вчера, односно два часа и 55 минути по 19 часот, кога требаше да се затворат избирачките места.
Апаратите за земање отпечаток од прст, што првпат се користат на овие избори, не оставија добар впечаток кај гласачите и тие беа најчестите проблеми со кои се соочуваа и гласачите и членовите на избирачките одбори.