Connect with us

Радовиш

Радовиш денеска ќе се прости со двајцата млади алпинисти, прогласен и ден на жалост

Media Press

Published

на

Советот на Општина Радовиш на вчерашната вонредна седница донесе одлука денешниот ден да се прогласи за ден на жалост заради трагично загинатите двајца алпинисти, Зоран Мајсторски (45) и Драган Станишков (20) членови на Алпинистичкиот клуб „Плоча” од Радовиш.

Тиe ги загубија животите вчера напладне при чистење на високо недостапни силоси во рудникот „Бучим” во Радовиш.

Погребот на посмртните останки на двајцата алпинисти ќе се изврши денеска на градските гробишта во Радовиш.

Инаку, синоќа Јавното обвинителство излезе со соопштение во кое меѓу другото се наведува дека според првичните сознанија, до несреќата дошло при чистење на два силоси, високи по 25 метри, со дијаметар од 17 метри, во кој се складира руда. Починатите, жители на Радовиш, членови на алпинистичкото друштво „Плоча”, на возраст од 20 и 45 години, биле ангажирани со договор меѓу две правни лица за специфична услуга за чистење на силосите полни со руда.

Радовиш

Поцев: Изборниот резултат не значи пораз, покажавме дека партиската книшка не е единствениот механизам за успех

Media Press

Published

на

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Радовиш Горан Поцев изразува благодарност до сите граѓани  кои му укажаа доверба на вчерашното гласање.

„Ви благодарам на сите за довербата што ми да дадовте и ме направивте горд радовишанец. Радовишанец кој покажа како се сака и се бори за својата општина. Гордо стојам зад сите мои кажани зборови и со крената глава ќе продолжам да чекорам по мојот град , за кој сакав многу нешта да се променат. Радовиш и радовишани се мојот единствен мотив за подобро место на живеење.

Уште еднаш ви благодарам на сите за укажаната доверба и неизмерна поддршка. Со мојот тим дадовме се’ од себе, напорно работевме и сакавме да покажеме нешто ново во општеството и политиката.

Изборниот резултат не значи пораз, ова е еден голем успех за сите кои веруваат дека партиската книшка не е единствениот механизам за успех.

Покажавме дека нема пред никого да молчиме кога станува збор за овај град и секогаш ќе ставаме стоп на партиските вработувања. Постигнавме нешто за кое допрва ќе станеме свесни.

Без партиска поддршка ретко кој би се осмелил да излезе на избори.

Ние тоа го направивме!

Неизмерна благодарност упатувам и до мојот тим кој стоеше цврсто до мене и ме направи горд.

Затоа: БЛАГОДАРАМ на сите, за се’ што направивте за мене.

Нашиот подвик продолжува и понатаму во друга форма, ова е почетокот на она за кое во иднина сите ќе тежнееме:

Општество на слободни граѓани без партиски товар на грб!“, стои во објавата на Горан Поцев.

Прочитај повеќе

Радовиш

Конзулов: Ми беше гордост и секако привилегија да бидам градоначалник на Општина Радовиш, Ви благодарам на сите што гласавте слободно

Media Press

Published

на

Актуелниот градоначалник на Општина Радовиш  Герасим Конзулов кој беше кандидат за градоначалник од движењето „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ им се заблагодарова на сите граѓани кои ја дале поддршката за него на вчерашното гласање.

„Ви благодарам на сите што учествувавте во изборниот процес и гласавте слободно во духот на демократските вредности.

Посебно сакам да Ви се заблагодарам на сите коишто гласавте за мене и советнична листа од коалицијата. Вашиот глас е порака за промени, доказ дека постои граѓански активизам и почитување на вистинските вредности.

Останете посветени на нашата заедничка визија за подобра општина и локална управа која работи за доброто на сите. Вложивме доста труд и постигнавме огромен напредок во повеќе области, впрочем Вие знаете најдобро каква општина наследивме а каква општина оставаме.

Како човек кој професионално и приватно учествувал во градењето на нашиот град и населени места, бев убеден дека граѓаните можат и заслужуваат подобро. Мислам дека го покажав тоа на дело. Денес, локалната управа има нов стандард на работа и обврска во иднина да биде уште подобра.

Ми беше гордост и секако привилегија да бидам градоначалник на Општина Радовиш.

Ви благодарам на сите!“ стои во објавата на Конзулов.

Тој на кандидатите кои продолжуваат во вториот круг им посакаува успех, воедно на новоизбраните советници им честита  и им посакува успешна работа.

Прочитај повеќе

Радовиш

И денеска се врши увид во рудникот Бучим каде загинаа две лица, со присуство на техничка инспекција со рударски инженери

Media Press

Published

на

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш заедно со увидна екипа, кримтехничар од Министерството за внатрешни работи и инспектори за труд и безбедност при работа извршија увид во рудникот Бучим, работна единица Флотација, каде на 13.10.2021 година околу 11:50 часот две лица го загубија животот, а едно се здобило со телесни повреди.

„Според првичните сознанија, до несреќата дошло при чистење на два силоси, високи по 25 метри , со дијаметар од 17 метри, во кој се складира руда. Починатите, жители на Радовиш, членови на алпинистичкото друштво „Плоча“,  на возраст од 20 и 45 години, биле ангажирани со договор помеѓу две правни лица за специфична услуга за чистење на силосите полни со руда.

Во текот на увидот, по дадени насоки и наредби од обвинителството, извршено е фотографирање на самото место на настанот. Обезбедени се затекнатите траги и предмети. Идентификувани се и извршен е разговор со лицата присутни на местото на настанот. Обвинителството издаде наредби за обезбедување на техничката документација за силосите,  целокупната документација за ангажманот на алпинистичкиот клуб „Плоча“, правилниците за работа на работната единица Флотација. Издадена е и наредба за вршење на обдукција на телата на починатите, стои во соопштението од Основното јавно обвинителство Радовиш .

Во истото се додава дека е забрането работењето на тој дел од рудникот и ќе биде обезбедуван од полициски службеници, за да по дадена наредба од обвинителството на 14.10.2021 година се продолжи со вршење на увид на самото место со присуство на техничка инспекција со рударски инженери.

“Основното јавно обвинителство Радовиш презема и други дејствија за откривање на причините за несреќата“ се додава во соопштенито.

Инаку во несреќата во рудникот Бучим која се случи вчера, трагично загинаа двајца алпинисти од Радовиш, Зоран Мајсторски и Драган Станишков, со што радовишката јавност длабоко се потресе и жали за загубата на младите животи. Денеска во Радовиш по тој повод е прогласена и ден на жалост.

Прочитај повеќе