Радовиш
Радвиш загуби двајца големи алпинисти и спортисти, еден од нив, наш поранешен колега Зоран Мајсторки
Објавено на
Од
Media Press
Радовиш денеска загуби професионален алпинист, познат по своите успеси на домашно и меѓународно ниво, во несреќен случај на својата последна работна задача, чистење на силоси во рудникот Бучим, заедно со уште едно младо момче, негов колега.
Еден од најдобрите сниматели и фотографи во Радовиш, голем пријател, граѓански активист, спортист и пред се храбар човек кој постигнуваше големи успеси, поранешен снимател во Телевизија Кобра, наш колега Zoran Majstorski. РТВ Кобра изразува длабоко сочувство до неговото семејство и семејството на неговиот пријател.

Дваесет години работеше како снимател во Регионална телевизија Кобра и локалната ЕМИ телевизија. Од него има направено безброј професионални видеа и фотографии во архивата на телевизја Кобра. Последното негово ангажирање во ТВ Кобра беше токму вчера на снимањето на Дебатната емисија со кандидатите за градоначалници на Општина Радовиш. Мајсторски вчера ги направи и последните фотографи со својот телефон во студиото на РТВ Кобра, Радовиш, токму од позади камерата, со која секогаш со голема љубов работеше.


Мајсторски е планинар е од својата 12 година, како што самиот знаеше да каже, прв пат тоа се случило кога избегал од часови од училиште. Со алпинизам се занимава од 1993, се искачил на највисоките европски врвови, а во последните неколку години и егзистенцијата ја обезбедуваше од висинска работа – со чистење на високи фабрички оџаци, круни на брани, силоси, во Македонија, но и во Србија, Бугарија, Косово, Црна Гора.
„Од ова добро заработувам за живот за себе и за семејството, сопругата и двата сина“ често знаеше да каже 44 годишниот наш пријател, Зоран Мајсторски. Токму една таква работа која денеска ја извршуваше беше кобна по неговиот живот и живот на неговиот колега.

Јажето и алпинизмот кој му беа хоби, во последните неколку години му беа животна егзистенција. Изведуваше работи на солитери, на високи фабрички оџаци и друга висинска работа во Македонија и во соседните земји.
„Сега комплетно му се посветив на јажето. И како алпинист и како професија, но од камерата и од фотоапаратот никогаш нема да се откажам. Убавините кои ги гледам кога се искачувам на највисоките врвови, морам да ги забележам“, често знаеше да каже Зоран.

Зоран Мајсторски, беше истакнат македонски алпинист. Од 1993 година, почнува со алпинизмот. Во долгогодишниот алпинистички стаж, Мајсторски се има искачено на многу познати и опасни европски врвови, а посебен предизвик му биле тие на Алпите. Бил на Мон Блан, Матерхорн и на други врвови. Последното негово искачување беше токму на Мон Блан пред два месеци.

Во последната деценија во повеќе наврати е добитник на годишната награда за алпинизам „Јован Ангелов Циго“ на Македонската алпинистичка федерација. Во 2006 година го формира Алпинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш, во кој беше и претседател, инструктор по алпинизам и главен тренер. Клубот лани го доби Шестоноемвриското признание на Радовиш, а лично Зоран тоа признание го има добиено во 2012 година.
Во алпинизмот полека и со љубов ги воведе и неговите двајца синови Александар и Матеј, а посебно активен е помалиот Матеј (12), кој веќе има повеќе признанија на државно ниво во неговата возрасна категорија.

Радовишкиот алпинистички клуб „Плоча“ го има атрактивниот алпинистички локалитет Плоча, кој е покрај патот Радовиш – Штип кај месноста Пилав Тепе каде Зоран често се искачуваше заеднос со своето семејство, неговата сопруга Данче и неговите синови. РТВ Кобра искрено сочувствува и жали за загубата на еден голем професионалец. Почивај во мир Zoran Majstorski. Ќе те паметиме како голем професионалец и голем човек.


Поврзани содржини

Јулија Тарабунова е новата претседателка на УЖ на ОК ВМРО- ДПМНЕ Радовиш

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација
Територијалната противпожарна единица од Радовиш добива 4-ри нови пожарникари

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната

ЗПОРК – Радовиш со известување до пензионерите
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

