Connect with us

Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на Општина Конче Благој Илиев, денеска ќе ја претстави програмата во Дедино

Media Press

Published

на

кандидатот за градоначалник на Општина Конче од СДСМ и коалицијата Благој Илиев, денеска во село Дедино, ќе го одбележи празникот 11 Октомври, но заедно со Оливер Спасовски, ќе ја претстави и програма „Најдоброто за мојата општина“  со како што вели Илиев,  најмногу проекти.  

Илиев вели дека во  изминатиот период, во општина Конче заедно со неговиот тим направиле пресврт кон подобро.

Работевме посветено и одговорно. Заборавената и изолирана општина, во која негрижата се провлекувала со децении, стана успешна, препознаена и потврдена.

Селата се почисти и уредени, а улиците асфалтирани и осветлени. За првпат во нашата општина изградивме спортска сала и отворивме детска градинка. Учениците имаат подобри услови за учење и пристоен превоз. Општината помагаше и создаваше можности за вработување“, вели Илиев

Тој додава дека имат  план и проекти за развој на општината и во наредниот период.

Избори 2021

Христијан Мицкоски и Ацо Ристов – Кандидат за Градоначалник на Радовиш, на средба со граѓаните во 5-ти месен комитет

Media Press

Published

на

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан  Мицкоски  вчера беше во посета на Општина Радовиш, заедно со кандидатот за градоначалник Ацо Ристов оствари средба со граѓаните во 5-ти месен комитет во Радовиш.   

Кандидатот Ацо Ристов рече дека за овој дел од градот има најмногу предвидени проекти во програмата. Тој ги повика граѓаните за поддршка и на гласањето на 31 октомври за „Подобар и развиен Радовиш“.

Потребни сме ѝ на Македонија. Ајде да се обединиме, рече Мицкоски кој се заблагодари на сите граѓани кои гласаа во првиот круг, за Ацо Ростов и за мнозинство во Советот.  

„Да покажеме дека промени се можни и дека тие зависат само од волјата на народот.

Вистинското решение за Радовиш е Ацо Ристов – Кандидат за Градоначалник на Радовиш. Им благодарам на сите граѓани кои во огромно мнозинство гласа во првиот круг, а неговото водство е сигурен сигнал дека имаме правилен избор. Во советот ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за “Обнова на Македонија” имаат најголем број на советнички места, што гарантира дека изборот на Ристов за градоначалник ќе значи лесна и конструктивна реализација на сите проекти. Ристов има план и визија за развој на Радовиш. Човекот кој е успешен во приватниот живот, сигурен сум дека од Радовиш ќе направи пример за успешна општина“, рече Мицкоски.

Прочитај повеќе

Избори 2021

Костадинов: Веднаш го реализираме првото клучно ветување, го слушаме гласот и потребите на граѓаните

Media Press

Published

на

„Како што ветив пред граѓаните за време на кампањата, нема чекање, веднаш го реализираме првото клучно ветување, го слушаме гласот и потребите на граѓаните“, вели Костадин Костадинов идниот градоначалник на Општина Струмица најавувајќи го проектот Од врата на врата, да се слушне гласот на народот.

„Од денеска со советниците, со мојот тим започнуваме со интензивни консултации со сите граѓани за подготовките за носење на Буџетот на Општина Струмица за следната година. Заедно со советниците во идниот Совет на општината ќе го посетиме секое населено место, секоја улица и заедно со граѓаните ќе ја креираме распределбата на Буџетот за идната година. Ќе ги прашаме граѓаните, струмичани што е приоритет за нив. Тоа што ќе го кажат ќе влезе во Буџетот и силно ќе го поддржам јас како градоначалник и советниците на СДСМ. Ќе ги прашаме граѓаните од секое маало, од секоја улица, кој конкретен проект треба да се финансира или каде треба да се насочат дел од парите на општинскиот буџет во следната година. Сите предлози на граѓаните ги земаме во предвид, ги анализираме и оние кои се реални, кои се остварливи ќе влезат во програмата и буџетот за следната година“, вели Костадин Костадинов во изјава за медиумите.

„Како што ветив и во кампањата, ние како идна општинска администрација Буџетите ќе ги носиме заедно со граѓаните, следејќи ги нивните потреби. Денеска, тоа изборно ветување го остваруваме. Ова е нов стандард на отвореност и инклузивност. За првпат во една општина во Македонија токму граѓаните на Струмица ќе бидат тие кои ќе го креираат Буџетот за следната година, а со тоа и правецот на развој на своето населено место, на својата општина. И ова е само почеток, во следните четири години заедно со граѓаните ќе работиме на развој, на напредок на нашата Струмица, за таа да стане уште поатрактивно место за живеење, да стане град со уште повеќе можности за младите“, додава Костадинов.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Поцков: Благодарам на поддршката во првиот круг од гласањето

Media Press

Published

на

Благодарам на поддршката во првиот круг од гласањето на Локалните избори 2021 година, изрази кандидатот за градоначалник на Општина Гевгелија Сашо Поцков.

„Но, истовремено Ве поканувам, во вториот круг од гласањето, на 31 октомври, да го дадете својот глас за натамошно подобрување на квалитетот на живеење во нашата општина. Ве потсетувам на проектите што веќе се реализираат или започнуваат со реализација. Проекти кои директно влијаат за подобрувањето на условите за живот“, вели Поцков, притоа спомнувајќи неколку проекти пред се од инфраструктурата за како што вели, подобрување на условите за живот на граѓаните.

Прочитај повеќе