Connect with us

Радовиш

Во Радовиш и годинава се одржа литературната манифестацијата ,,Пролет на сребрените соништа“

Media Press

Published

на

Година, по четврти пат се одржа Литературната манифестација “Пролет на сребрените соништа”, во Радовиш.

Завршниот настан закажан за 9.10.2021 се одржа во ЦК “Ацо Караманов”, каде што на сцената, наградените ученици ги прочитаа своите поетски творби.

Учениците и менторите беа наградени со книги кои ги обезбеди “”Просветно дело”, добија и дипломи за ” најдобра песна” од Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија.

Ликовниот уметник Живко Поповски Цветин, за наградените ученици и ментори изработи картички со ” цвеќето на мирот”.

Покрај доделувањето на наградите, публиката во салата го проследија

Перформансот: ,,Караманов и Конески – инспирација за уметничка интерпретација” (книжевно-музички и ликовно-интерпретативен перформанс) во реализација на АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ-Штип.

Исто така за време на завршниот настап се одвиваше и ликовна работилница под менторство на ликовниот уметник Анастасија Петрова од Академија Еуроарт – Штип.

Како дел од програмата се реализираше и интерактивно интервју со писателката за деца Ксенија Трајчева Маказлиева во која таа одговарајќи на поставените прашања на присутните им ја доближи нејзината најнова книга “Борко Брзозборко”

Свој осврт на книгата направија д-р Милена Ристова Михајлoвска и Гордана Здравкоска.

Огранизациониот одбор упатува благодарност до поддржувачите на Манифестацијата: ,,Пролет на сребрените соништа”

Радовиш

Поцев: Изборниот резултат не значи пораз, покажавме дека партиската книшка не е единствениот механизам за успех

Media Press

Published

на

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Радовиш Горан Поцев изразува благодарност до сите граѓани  кои му укажаа доверба на вчерашното гласање.

„Ви благодарам на сите за довербата што ми да дадовте и ме направивте горд радовишанец. Радовишанец кој покажа како се сака и се бори за својата општина. Гордо стојам зад сите мои кажани зборови и со крената глава ќе продолжам да чекорам по мојот град , за кој сакав многу нешта да се променат. Радовиш и радовишани се мојот единствен мотив за подобро место на живеење.

Уште еднаш ви благодарам на сите за укажаната доверба и неизмерна поддршка. Со мојот тим дадовме се’ од себе, напорно работевме и сакавме да покажеме нешто ново во општеството и политиката.

Изборниот резултат не значи пораз, ова е еден голем успех за сите кои веруваат дека партиската книшка не е единствениот механизам за успех.

Покажавме дека нема пред никого да молчиме кога станува збор за овај град и секогаш ќе ставаме стоп на партиските вработувања. Постигнавме нешто за кое допрва ќе станеме свесни.

Без партиска поддршка ретко кој би се осмелил да излезе на избори.

Ние тоа го направивме!

Неизмерна благодарност упатувам и до мојот тим кој стоеше цврсто до мене и ме направи горд.

Затоа: БЛАГОДАРАМ на сите, за се’ што направивте за мене.

Нашиот подвик продолжува и понатаму во друга форма, ова е почетокот на она за кое во иднина сите ќе тежнееме:

Општество на слободни граѓани без партиски товар на грб!“, стои во објавата на Горан Поцев.

Прочитај повеќе

Радовиш

Конзулов: Ми беше гордост и секако привилегија да бидам градоначалник на Општина Радовиш, Ви благодарам на сите што гласавте слободно

Media Press

Published

на

Актуелниот градоначалник на Општина Радовиш  Герасим Конзулов кој беше кандидат за градоначалник од движењето „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ им се заблагодарова на сите граѓани кои ја дале поддршката за него на вчерашното гласање.

„Ви благодарам на сите што учествувавте во изборниот процес и гласавте слободно во духот на демократските вредности.

Посебно сакам да Ви се заблагодарам на сите коишто гласавте за мене и советнична листа од коалицијата. Вашиот глас е порака за промени, доказ дека постои граѓански активизам и почитување на вистинските вредности.

Останете посветени на нашата заедничка визија за подобра општина и локална управа која работи за доброто на сите. Вложивме доста труд и постигнавме огромен напредок во повеќе области, впрочем Вие знаете најдобро каква општина наследивме а каква општина оставаме.

Како човек кој професионално и приватно учествувал во градењето на нашиот град и населени места, бев убеден дека граѓаните можат и заслужуваат подобро. Мислам дека го покажав тоа на дело. Денес, локалната управа има нов стандард на работа и обврска во иднина да биде уште подобра.

Ми беше гордост и секако привилегија да бидам градоначалник на Општина Радовиш.

Ви благодарам на сите!“ стои во објавата на Конзулов.

Тој на кандидатите кои продолжуваат во вториот круг им посакаува успех, воедно на новоизбраните советници им честита  и им посакува успешна работа.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовиш денеска ќе се прости со двајцата млади алпинисти, прогласен и ден на жалост

Media Press

Published

на

Советот на Општина Радовиш на вчерашната вонредна седница донесе одлука денешниот ден да се прогласи за ден на жалост заради трагично загинатите двајца алпинисти, Зоран Мајсторски (45) и Драган Станишков (20) членови на Алпинистичкиот клуб „Плоча” од Радовиш.

Тиe ги загубија животите вчера напладне при чистење на високо недостапни силоси во рудникот „Бучим” во Радовиш.

Погребот на посмртните останки на двајцата алпинисти ќе се изврши денеска на градските гробишта во Радовиш.

Инаку, синоќа Јавното обвинителство излезе со соопштение во кое меѓу другото се наведува дека според првичните сознанија, до несреќата дошло при чистење на два силоси, високи по 25 метри, со дијаметар од 17 метри, во кој се складира руда. Починатите, жители на Радовиш, членови на алпинистичкото друштво „Плоча”, на возраст од 20 и 45 години, биле ангажирани со договор меѓу две правни лица за специфична услуга за чистење на силосите полни со руда.

Прочитај повеќе