Connect with us

Валандово

ВМРО-ДПМНЕ вечерва е во Валандово

Media Press

Published

на

ВМРО -ДПНЕ вечерва со митинг во Валандово. На граѓаните им се обрати кандидатот за градоначалник Тони Узунов и лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски ја спомна бугарската пилитика во која се бара промена на Уставот и внесување на бугарите малцинство во него. Тој рече дека треба да има реципроцитет, и македонците во Бугарија да бидат внесени во бугарскиот устав.

Валандово

Централниот караван на СДСМ „Најдоброто За Мојата Општина“ денеска е во Кавадарци, вториот караван во Валандово

Media Press

Published

на

Централниот караван Најдоброто За Мојата Општина денеска е во Кавадарци.

Претседателот Зоран Заев ќе биде меѓу граѓаните на Општините Демир Капија и Неготино, а вечерва ќе учествува на граѓанска трибина и промоција на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници на Општина Кавадарци на Плоштадот во Кавадарци со почеток во 20:00 часот, каде ќе има и свое обраќање.

Вториот караван денеска ќе биде во Валандово, каде секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ ќе се обрати на трибина со почеток во 18.00 часот. Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска денеска е меѓу граѓаните во Карпош, а потпретседателката Мила Царовска во Аеродром. Потпретседателите Фатмир Битиќи и Оливер Спасовски ќе остварат средби со граѓаните во Желино, односно Сопиште.

Партиски претставници ќе одржат средби со граѓани и во Радовиш, Битола, Пробиштип, Кратово, Виница, Могила, Ѓорче Петров, и Теарце.

Прочитај повеќе

Валандово

Министерката Шахпаска денеска беше во посета на Општина Валандово

Media Press

Published

на

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска беше во посета на Општина Валандово и заедно со градоначалникот Перо  Костадинов, направија увид во градежните работи на новиот објект-детска градинка во село Јосифово, Општина Валандово.

„Новата градинка во Јосифово има капацитет да згрижи 57 деца организирани во три воспитни групи, за која Министерството за труд и социјална политика издвои 22 милиони денари“ , рече министерката Шахпаска.

Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов изрази задоволство од темпото со кое се движат градежните активности и воедно изрази и благодарност до Министерството за труд и социјална политика, за инвестицијата во Јосифово, со која на децата од ова населено место им се овозможува да посетуваат нова современа градинка со сите услови за квалитетно  предучилишно образование.

Прочитај повеќе

Валандово

Лишен од слобода валандовчанец кој извршил обљуба врз 39-годишна жена од Валандово, негова роднина

Media Press

Published

на

На 04 мај во 02.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода Д.У.(39) од Валандово поради сомнение дека на 02.05.2021 извршил обљуба врз 39-годишна жена од Валандово, негова роднина.  Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Струмица.

Прочитај повеќе