Connect with us

Радовиш

Дечињата од Детската градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш денеска заминаа на есенски ден по повод Неделата на детето

Media Press

Published

на

Неделата на детето во ЈОУ Детска градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш се одбележува со низа активности. Денеска дечињата радосни заминаа на есенски ден во најблиската околина на градскиот рид.

 Неделатата на детето градинката во Радовиш ја започна со ликовна колонија на тема: ,,Моето омилено животно,, по повод  Светскиот ден на животните. Дечињата цртаа секое со своја замисла и фантазија, со инспирација од нивните домашни миленици.

За значењетио на неделата на детето дечињата се запознаваат и теоретски што тоа значи и за нивните права.

прикажи повеќе
Advertisement

Избори 2021

Христијан Мицкоски и Ацо Ристов – Кандидат за Градоначалник на Радовиш, на средба со граѓаните во 5-ти месен комитет

Media Press

Published

на

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан  Мицкоски  вчера беше во посета на Општина Радовиш, заедно со кандидатот за градоначалник Ацо Ристов оствари средба со граѓаните во 5-ти месен комитет во Радовиш.   

Кандидатот Ацо Ристов рече дека за овој дел од градот има најмногу предвидени проекти во програмата. Тој ги повика граѓаните за поддршка и на гласањето на 31 октомври за „Подобар и развиен Радовиш“.

Потребни сме ѝ на Македонија. Ајде да се обединиме, рече Мицкоски кој се заблагодари на сите граѓани кои гласаа во првиот круг, за Ацо Ростов и за мнозинство во Советот.  

„Да покажеме дека промени се можни и дека тие зависат само од волјата на народот.

Вистинското решение за Радовиш е Ацо Ристов – Кандидат за Градоначалник на Радовиш. Им благодарам на сите граѓани кои во огромно мнозинство гласа во првиот круг, а неговото водство е сигурен сигнал дека имаме правилен избор. Во советот ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за “Обнова на Македонија” имаат најголем број на советнички места, што гарантира дека изборот на Ристов за градоначалник ќе значи лесна и конструктивна реализација на сите проекти. Ристов има план и визија за развој на Радовиш. Човекот кој е успешен во приватниот живот, сигурен сум дека од Радовиш ќе направи пример за успешна општина“, рече Мицкоски.

Прочитај повеќе

Радовиш

Архитектите и градежниците од Радовиш и Конче го прославија својот заштитник Свети Апостол Тома

Media Press

Published

на

Архитектите и градежниците од Радовиш и Конче денеска го прославија својот заштитник Свети Апостол Тома.

Околу 30 –тина архитекти и градежници денеска присуствуваа на божествена литургија во црковниот храм Света Троица во Радовиш. Во духот на вистински христијани се помолија и запалија свеќа во чест на овој светец.  Овој празник градежниците го слават над 40 години а преку здружението   во Радовиш се слави 13 години. 

Здружението на архитекти и градежници „Градикон“ во Радовиш брои околу 80 членови.

Традиционално за овој настан се бира и кум на градежниците.

Овогодишниот кум Дарко Илиев го предаде своето кумство на  новата кума  Александра Илиева.

Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, неговиот сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Според житието Апостол Тома е единствениот кој  ги стави прстите во Христовите рани и ја опипа реалноста на живото тело. 

Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја куќна слава. Во минатото го прославувале дрводелците, бочварите, коларите, столарите, бунарџии ,  а најмногу ѕидарите поради тежината на нивната дејност….

Прочитај повеќе

Радовиш

Поцев: Изборниот резултат не значи пораз, покажавме дека партиската книшка не е единствениот механизам за успех

Media Press

Published

на

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Радовиш Горан Поцев изразува благодарност до сите граѓани  кои му укажаа доверба на вчерашното гласање.

„Ви благодарам на сите за довербата што ми да дадовте и ме направивте горд радовишанец. Радовишанец кој покажа како се сака и се бори за својата општина. Гордо стојам зад сите мои кажани зборови и со крената глава ќе продолжам да чекорам по мојот град , за кој сакав многу нешта да се променат. Радовиш и радовишани се мојот единствен мотив за подобро место на живеење.

Уште еднаш ви благодарам на сите за укажаната доверба и неизмерна поддршка. Со мојот тим дадовме се’ од себе, напорно работевме и сакавме да покажеме нешто ново во општеството и политиката.

Изборниот резултат не значи пораз, ова е еден голем успех за сите кои веруваат дека партиската книшка не е единствениот механизам за успех.

Покажавме дека нема пред никого да молчиме кога станува збор за овај град и секогаш ќе ставаме стоп на партиските вработувања. Постигнавме нешто за кое допрва ќе станеме свесни.

Без партиска поддршка ретко кој би се осмелил да излезе на избори.

Ние тоа го направивме!

Неизмерна благодарност упатувам и до мојот тим кој стоеше цврсто до мене и ме направи горд.

Затоа: БЛАГОДАРАМ на сите, за се’ што направивте за мене.

Нашиот подвик продолжува и понатаму во друга форма, ова е почетокот на она за кое во иднина сите ќе тежнееме:

Општество на слободни граѓани без партиски товар на грб!“, стои во објавата на Горан Поцев.

Прочитај повеќе