Валандово
Централниот караван на СДСМ „Најдоброто За Мојата Општина“ денеска е во Кавадарци, вториот караван во Валандово

Published
10 месеци agoна
By
Media Press
Централниот караван Најдоброто За Мојата Општина денеска е во Кавадарци.
Претседателот Зоран Заев ќе биде меѓу граѓаните на Општините Демир Капија и Неготино, а вечерва ќе учествува на граѓанска трибина и промоција на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници на Општина Кавадарци на Плоштадот во Кавадарци со почеток во 20:00 часот, каде ќе има и свое обраќање.
Вториот караван денеска ќе биде во Валандово, каде секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ ќе се обрати на трибина со почеток во 18.00 часот. Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска денеска е меѓу граѓаните во Карпош, а потпретседателката Мила Царовска во Аеродром. Потпретседателите Фатмир Битиќи и Оливер Спасовски ќе остварат средби со граѓаните во Желино, односно Сопиште.
Партиски претставници ќе одржат средби со граѓани и во Радовиш, Битола, Пробиштип, Кратово, Виница, Могила, Ѓорче Петров, и Теарце.
Поврзани содржини
Започнува изградбата на првото унклузивно игралиште во Валандово
Во Валандово се одржува 26 – та Меѓународна ликовна колонија
СДСМ: Темата избори е затворена до 2024 година, ВМРО-ДПМНЕ да го преиспита однесувањето
Валандово денеска ќе биде дел од кампањата “Подај рака и промени живот – Стани Згрижувач”
Пронајдени девет мигранти на патот Валандово-Струмица во излетан автомобил, возачот побегнал
Приведен крадец од Валандово, фатен на дело при вршење тешка кражба
Валандово
Започнува изградбата на првото унклузивно игралиште во Валандово

Published
1 месец agoна
јули 8, 2022By
Media Press
Започнува изградбата на првото унклузивно игралиште во Валандово со што се прави уште еден исчекор кон сестрана заедница која вклучува и креира еднакви шанси за секој човек ова денеска го најави градоначалникот Перо Костадинов на својот ФБ профил.
Детското игралиште, има за цел да ја подигне свеста за различностите на повисоко ниво, да овозможи место за игра на децата со попреченост со останатите деца и да направи уште еден чекор напред кон поголема инклузија во нашата заедница, велат од општината.
Изразувам благодарност кон амбасадата на СР Германија и здружението ИСЧЕКОР – ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ, за иницијативата и партнерскиот пристап во реализацијата на овој проект, вели градоначалникот Перо Костадинов.
Костадинов додава дека Валандово е заедница на граѓани со големи срца.
„Го сакаме светот со многу бои, си подаваме рака еден на друг и се надополнуваме меѓусебно“, вели Костадинов.

Валандово
Во Валандово се одржува 26 – та Меѓународна ликовна колонија

Published
1 месец agoна
јули 4, 2022By
Media Press
Во тек е 26 – та Меѓународна ликовна колонија во Валандово. Градоначалникот Перо Костадинов изврши прием на уметниците учесници на годинешната ликовна колонија.

„Ми беше задоволство да разговарам со учесниците на ликовната колонија #Валандово2022.
Заеднички го потврдивме значењето на манифестацијата и вредноста која се создава преку истата. Им се заблагодарив за годинешното учество и им посакав многу успех во иднина“ вели Костадинов.
Валандовската ликовна колонија има меѓународен карактер и опстојува 26 години.
Манифестацијата беше отворена на 2 јули и ќе трае до 7 јули. Истата, се одржува во Домот на култура во Валандово, учесниците творат во техники акрил и масло на платно и создаваат уметнички дела со голема вредност.
„Насликаните дела, остануваат во сопственост на Домот на култура “25 мај” – Валандово и се од огромно значење за локална посебност на нашата заедница“, велат од општината.

Валандово
Валандово денеска ќе биде дел од кампањата “Подај рака и промени живот – Стани Згрижувач”

Published
2 месеци agoна
јуни 3, 2022By
Media Press
Порака дека на секое дете му е потребно семејство денеска ќе биде испратена од Валандово во рамките на кампањата “Подај рака и промени живот – Стани Згрижувач”.
Како што информираат од општината денеска на градскиот плоштад во Валандово, заеднички со Заменикот Министер за труд и социјална политика, Енвер Хусејин и згрижувачки семејства од Општина Валандово ќе бидат дел од кампањата “Подај рака и промени живот – Стани Згрижувач”
Кампањата предвидува општествена мобилизација за подигање на свеста за важноста на програмата за згрижување на деца и иницира создавање систем за одржување на врските на децата со семејството, заедницата и културното потекло.
„Ве повикувам, преку настанот заедно да испратиме силна порака, дека на секое дете му е потребно семејство и заслужува љубов. Да ги охрабриме згрижувачките семејства и да ја поздравиме благородна мисија која ја вршат“ објави градоначалникот Перо Костадинов на својот ФБ профил.

Денеска е Преподобна Параскева, во народот позната како Света Петка

Казни за 23 мотоциклисти на подрачјето на СВР Струмица

Пожарот кај с.Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е се уште активен, но со намален интензитет

Утре, крводарителска акција во Црвен крст Радовиш
